Media & Marketing Blog

The Daily за iPad – први реакции

Повторно гостински пост од Милчо Узунов на тема iPad. Ветувам, следниот пост ќе му креирам сметка и ќе стане редовен гостин-автор на блогов 🙂

„Сакам да се знам и да сум пријател со Стив Џобс ама никогаш не сакам да работам за него (слушам дека тие што работат крв плукаат секој ден по 3 пати).“

„Не може богато детиште кое цел живот вози мерцедеси да конструира нешто револуционерно како веспа или фичо, тој ќе направи ролс-ројс или јагуар“

Текстот намерно сакав да го почнам со овие две реченици бидејќи овие 2 нешта ми паднаа на памет кога го листав The Daily на Роберт Мурдок. Весникот го лансираа на прес пред некој ден и кој веднаш можеше да се симне во Apple-овиот AppStore.

Што, како и зашто има во апликацијата ќе најдете повеќе подетално на Гардијан, CNN, PC Mag или PC World (да не ги раскажувам функционалностите). Ама сепак ве молам прочитајте го ова The Daily’s Business Model Undone By A Blog?.

Ќе пробам да сумирам во неколку реченици

Наспроти бомбастичните најави, нема ама баш ништо ново (сегашните верзии за iPad на USA Today и NYTimes се далеку подобри), само убава кутија и нашминкана полу-анимирана содржина. Интересно вклопени коментари и некој други ситници како на пример анкети на прашања ама далеку од она што најавуваа дека ќе биде. Имено, проектот најавувам како весникот над весниците, кој ќе ја спасеше новинарската индустрија нема ни С од Спасение туку само едно Р од разочарување.

Апликација која постојано паѓа, написи кои не можат да се зачуваат за да ги читате подоцна, видео кое не се вчитува, неконзистентна навигација… (ова се само дел од проблемите на апликацијата со кои се соочив). Треба ли да набројувам уште? А нема ни трага од инфографици (статични а камо ли анимирани), вистинско инкорпорирање на социјалните медиуми, 24 часовни deadlines, посветеност на корисничката база…

Претпоставувате, нема ни денар да платам за оваа апликација ни за нејзините вести, што можам да ги најдам бесплатно на блогот на Baio кој за 20 минути му го расипа од корен бизнис моделот на Мурдок.

Е сеа ќе се вратам на двете реченици од почетокот. Во еден од текстовите кои ги линкав имаше еден коментар од новинарите присутни на настанот каде бил претставен весникот

„ 11:01 How do you know this is not a Steve Jobs event? It’s running late.“…

Дефинитивно диносаурусите како Мурдок полека ќе изумираат бидејќи не можат да сфатат дека се од корен се менува во новинарството во 21-от век и дека или ќе еволуираат или ќе ги снема. Само со повеќе пари а без идеа нема еволуција, посебно не од Мурдоковата удобна кожена фотелја.

Видете само кој му го води весникот (се исти како него „класичари“) нема нови деца, нова крв, нови идеи. Џабе вложените пари кога се фрлаат во бунар на крај на денот. Што се мачиме кога сето ова, горе, доле ,уште лани го предвидоа оние што гледаат подалеку.

Мурдок не е Че Гевара.

Или што би рекле старите „овие на клекнувањето ја згрешиле“.

Простете вака негативно што звучам ама „Големите Исчекувања“ понекогаш раѓаат и „Големи промашувања“. Ова вака на кратко а за повеќе слободно навалете на коментари тука сум.

15 коментари на “The Daily за iPad – први реакции”

  1. Калина

    Во целата приказна, многу ме охрабрува тоa што за 20 минути го предизвикале целиот помпезен проект со no-frills пристап. Си замишљам како си прави self-slap Мурдок на крај на денот 🙂 Ќе научат еднаш ваљда дека ако некое дете може да те претрка со reverse-engineering за 2 недели, не нудиш ништо.

  2. Милчо

    Синоќа беше суперболот, The daily имаше 10 сек. реклама во последната четвртина (и тоа последните 5-10 минути од средбата) што претпоставувам чинеше барем 100.000$.
    Дури после еден час имаа слика и текст кој победи. Немаше онлине twitt-ови или недајбоже минута до минута од натпреварот а дури во 6 сабајлево (2 часа откако заврши Суперболот имаа 1 слика и текст од 1 параграв со сиже на натпреварот). Она што денеска го направија и постираа беше магазински информации и слики, 0% интерактивност, инфографици или нешто повеќе.
    Мислам дека ова ја потврдува само тезата погоре. Човекот има 100 илјадарки за реклама а нема да плати 10 луѓе прекувремено за суперболот. Нема млада крв, нема нова перспектива нема нова идеа. Навистина сум разочаран, а башка секое отварање на апликацијата истата нешто симнува и пак неможеш после 5 минути да ја прегледаш содржината бидејќи сецка видеото и анимациите.
    gramosli можеме за содржината да збориме ама таа е иста ко на печатен магазин.
    Навистина очекував повеќе.

  3. gramosli

    Одличен пост, се е кажано! Секоја пофалба.

    Не дискутираме многу за содржината, во овој случај важна е формата. Важно е што и тврдокорниот Мурдок се поклони и ја призна иднината. Означен е почетокот на трансформацијата на новинарството. Без разлика дали Мурдок ќе ја извози патеката или некој што вози фичо…

  4. gramosli

    Милчо, и за тоа се согласувам. Но пак зборуваме за линкови, информации, за содржината. Мојата поента не беше содржината. Во овој момент таа воопшто не е битна. Дури содржината да е како на печатен медиум, најбитното е паковањето, што тоа е првиот печатен медиум кој не е испечатен на хартија. Револуцијата е започната. Сега нека се придружат и останатите медиуми, па нека се и сто пати подобри.

  5. darko buldioski

    Шоу ми д мании :)))

    Ако ништо друго Д Деили отвори врата за сите други уште во еден многу важен аспект. Сега iTunes Store има изградено модел за обновлива претплата. Нешто што го посакуваа многу други а го немаше.

    Во тој поглед може сега да се очекуваат наскоро доста поместувања

    • Donte

      Carole ditMerci Kenny.. c&7;#128est gentil, mais je suis encore bcp trop dans le dénie pour faire face à tous ces gens. Je sais qui doit y avoir un très beau respect, mais je vais attendre le mois prochain. …Au mois prochain …

  6. Anonymous

    За жал, авторот ја промашил основната работа, која пак, е кажана во коментарите: The Daily е симбол на новата ера, прв пат некој од издавачкиот биг бизнисот да се впушти во ваква работа (искажано од gramosli).

    Вториот многу важен момент, можеби и поважен од самиот е-весник, е она што — пак во коментарите — го кажа Дарко: Воведувањето на можноста во iTunes Store за обновлива претплата, со што дефинитивно се трга главната брана за ваквиот, нов вид на медиуми. (Дарко е стар волк, иако е млад, му текнува 🙂 ).

    А за тоа кој и како пишува, кој ја води компанијата (иако таму не гледам лоши имиња, напротив) и дали имало инфографици, тоа е работа на вкус. А авторот, со сета почит, не ми изгледа баш погоден за проценка на сериосен дневен весник, повеќе за некаков „Gamers Daily“.

    Го завршувам мрчењево со изразување на мојот grammar-nazi OCPD — во текстот има многу граматички грешки, чудни реченични конструкции, а дека не се случајни, авторот докажува со нивно повторување во својот коментар.

    Пусти Блаже Конески!

    (Немам лоша намера, ама кога објавуваш текст, биди подготвен на критика).

  7. Милчо

    @ gramosli Се согласувам дека е направен исчекор од аспект на тоа дека меинстримот почна да размислува на темата. Она што ме иритира е дека тоа го направија крајно аматерски и после многу пување, а напорот резултираше со крајно несериозен резултат.

    Она што е за фалба е дека некои печатени медиуми направија феноменални апликации кои се калат полека со тек на време и се одлични (USA Today, NY Times) и треба да бидат патот по кои треба да се тргне.

    @ Darko Buldioski Можност за 3 или 6месечна или годишна претплата преку itunes најпрво (пред 4 месеци) исфрли Digital Photographer Magazine, значи апликациите имаа можност за претплати (додуше не самообновливи) само што издавачите не знаеја како да ги избегнат 30% на Apple и какви поволности ќе им дадат на оние кои веќе се претплатени на печатеното издание.

    Она што според Мурдок е договорено како исчекор е дека за голем обем на претплати после 1 или 2 години Apple ќе го намали својот процент на наплата (не кажа детали).

    @ Ванчо Ордановски Најпрво благодарам за добронамерните критики (секогаш се добредојдени) и се извинувам за неколкуте печатни грешки (Дарко ќе мора да ми отвориш акаунт за да коригирам).

    Јас не ги оквалификував уредниците како неспособни новинари, само потенцирав дека нема некој кој ќе погледне на работите од нов ракурс (како што заслужува ваков обид за е-весник).

    Башка многу лесно даваш оценки за луѓе кои не ги познаваш, што нели не треба да е одлика на ИТ ветерани како тебе.

    Но нејсе го почитувам твојот став како и сечиј друг во оваа дискусија која ми е мило дека се води.

  8. Јован

    Интересен прилог Милчо – ме интересира дали гледаш применливост на овој бизнис модел пошироко од Епл и УС?

  9. Милчо

    @Јован Секако дека верувам во иднината на таблетите како во светот така и кај нас (веќе се кај нас Samsung Galaxy, Dell Streak, ZTE… а наскоро кај и да е и iPad ќе дојде). Сметам дека тие ќе бидат најнормална работа за 2-3 години и во Македонија (како што се денес „смартфоните“). Посебно ме радува разноврсноста како од производители и пропорции/димензии така и од аспект на оперативните системи на пазарот (патем секоја чест на андроид за потезите до сега и за нивната верзија на itunes app store), конкуренцијата е супер работа.

    За бизнис моделот на таблетите и медиумите верувам дека е применлив и кај нас. Нели не очекувам дека Дневник и Вест ќе ги видам наскоро на iPad (камо среќа да грешам), ама зошто да не еден стандардно направен дневен весник со цени од пример 5ден (едно дневно издание)/ 20ден. (неделна претплата)/ 50 ден. (месечна претплата)/ 300-500 ден. (годишна претплата). Или некој неделник еве на пример Фокус на iPad за 30ден. издание. Нема маржи за печатници, дистрибуции и сл. исти реклами како во печатено издание, не мора интерактивност и револуционерност да има. Само нека има добра содржина се друго е ок. Верувам дека ова може кај нас да успее, само треба малку време народ да купи таблети.

    Инаку силно верувам во мулти-платформската компатибилност кај таблетите, само дали ќе се договорат за стандардите?

  10. Милчо

    THE DAILY: NO EXCLUSIVE NEWS IS BAD NEWS

    Еве уште една потврда на мојата теза дека „не се баш најдобро поставени коцките во The Daily" овојпат од реномиран извор Хуан Сењор од Иновации.

    http://www.innovationsinnewspapers.com/index.php/

  11. Емка

    Иако доцнам со коментаров, троа…

    @Милчо сосема ја разбирам твојата лутина, да не речам бес, но мислам дека токму тоа те прави малку помалку објективен 🙂

    Како и да е, нема да навлегувам во дополнителна анализа на TheDaily, бидејќи имаш направено фина анализа на функционалноста на истиот.

    Она што мене дополнително ме заинтригира е следното…

    Во последниот коментар велиш:

    "… не мора интерактивност и револуционерност да има. Само нека има добра содржина се друго е ок…"

    Во тој контекст, би сакала да те прашам, зошто во тој случај би ми бил потребен весник на таблет? Зарем интеракцијата и дополнителните функционалности на новите технологии не се движечка причина за употреба на истите!? Можеби не сум во право…

  12. Darko Buldioski

    Може јас да одговорам 🙂

    Можеш да имаш супер фенси мултимедијален весник. Но новинарството е во квалитето на содржината. Ако таа е квалитетна имаш основни предуслови за успех. Ако квалитетната содржина е добро спакувана и презентирана тогаш успехот е вече извесен.

    Сите светси стручњаци на темава (новинатство, медиуми) упорно повторуваат дека во денешно време кога производтвото на информаци е „условно речено” лесно, професионалните новинари и медиуми мора да трагаат по квалитет еден чекор понатаму, мора да работат на добро пакување и ставање на податоците во бараниот контекст, инаку ќе бидат одвишок.

  13. Емка

    🙂 Благодарам Дарко на брзиот одговор.

    Се согласувам со тебе, да не бидам погрешно сфатена…

    Лесно може да заклучиме дека:

    "Новото" новинарство, со нагласок на професионалното новинарство, мачи мака да излезе на површина од лесното производство на информации, што би рекол ти (условно).

    Би сакала да видам наш весник на таблет, со професионална содржина, спакуван како TheDaily, и добро избрани "герила" текстови поврзани со професионалните наслови. (Додуше би сакала да го видев и на web 🙂

    Тука лежеше провокацијата на моето прашање, дека сите останати компоненти: изглед (UI), употребливост, интеракција и дополнителни функционалности овозможени од новите технологии се следните услови кои МОРА да бидат исполнети за добар Е-весник.

    (Веројатно го кажав истото што и ти, само со мои зборови 😉

    Поздрав

    • Kaylin

      Dabei könnte man, selbst wenn man die Bücher verkauft, ein Zeichen setzen: Dawkins bspw einfach mal zur Belletristik stellen oder Dan Brown zu Humor… oder einfach beides zu Esoterik. Wenigstens könnte man in christlichen Buhhdanclungen neben die jeweiligen Bücher die Antworten aus christlicher Sicht daneben stellen (also Atheismuswahn neben Gotteswahn stellen bspw).

Коментарите се затворени.