Media & Marketing Blog

Блогистика / Blogistika

Пред малку го ставив овој релативно нов српски блог (Blogistika) на мојот акаунт на del.icio.us (редовен апдејт десно: за читаење) и во мојот rss читач, но тоа очигледно не ми беше доволно за да го соопштам неговото постоење. Почнав да читам некои од последните постови објавени таму и наидов на еден во кој делумно се препознав.

Пост во кој Виктор (авторот на блогов) ја разгледува дилемата: сопствен или блог како дел од некој систем. Како и најголем дел од закчоците таму но и секаде на оваа тема, и јас ќе повторам дека има и добри и лоши страни и во едниот и во другиот избор. Може да се дискутира за тоа, но јас се препознав во следниов дел од постот:

Dolazim do još jednog pitanja koje sam imao na umu u vezi sa ovom temom – a to je: koliko vas učestvovanje u blog sistemu nesvesno ograničava na, recimo, čitanje i komentarisanje samo vaših komšija iz iste blog-zajednice? Odokativnom metodom praćenja raznih domaćih i stranih blog-sistema mi se čini da je veliki procenat ljudi koje blog-zajednica “uljuljka” i “zatvori”, tako da ni ne pomišljaju da van sistema postoje drugi blogovi sa tematikom koja bi im se svidela.

Da ne pomislite da je ograničavanje rezervisano samo za blogere u sistemima, navešću svoj poremećaj – ja razmišljam potpuno suprotno od “sistemca”, dok u suštini pravim istu grešku: dajem prednost blogovima koji su na svom domenu i hostingu, sa vrlo retkim izletima na blog zajednice poput blogspot.com, blog B92, wordpress.com, mojblog.co.yu, blogoye.com ili blog381.com. Time, naravno, propuštam gomilu dobrih blogova, pa se trudim da taj svoj problem prevaziđem.

Во последно време четопати дискутирав со некои “колеги” блогери за развојот/стадиумот на нашиот најпознат блог севис, па можеби ова е уште еден интересен агол за гледање на работите. Ако имаш некоја мисла на темава, кметарите се отворени ;).