Superbowl commercials

Верувам сите знаете што е superbowl, и каков статус има тој во Америка, особено каков статус има во областа на рекламерите и креторите на реклами.

Веројатно и оваа година некој рекорд со некоја бројка бил срушен, но тоа не ми се виде мене интересно. Интересното оваа година е што сега постои YouTube. И нормално што друго може да се очекува од царството на видео клиповите ако не царски потег.

supervote superbowl

Листа на сите реклами емитувани на Superbowl-от со одлична техничка изведба и со можност да гласате , односно да креирате листа на рекламите според ваш вкус.

Успеав да погледам повеќе од десетина, и морам да забечежам дека не сум воодушевен, има некој стварно глупи (амерички) рекалми, а и премногу се повторуваат рекламите за budlight. Од тие што ги видов ми се допадна на таа на GM.

Погледнете сами: youtube.com/superbowl

Technorati Tags: , , , .



Дарко Булдиоски

Дарко Булдиоски е ко-основач на NewMediaMK - Интернет маркетинг агенција и NewMediaCenter. Активно започна да работи во полето на новите медиуми пред 7 години како блогер, продолжи како предавач, консултат и тренер. Дарко слуша тешка музика, игра баскет и се труди да биде најдобар татко.
This entry was posted in Marketing, Technology. Bookmark the permalink.

1 коментар на "Superbowl commercials"

Коментирај!