Media & Marketing Blog

Транспарентност сега

За оние помеѓу нас кои мислат дека само ние сме ептен исполитизирани, следи приказ на инволвираните донатори за претседателските избори во САД оваа година:

123.JPG

Неколку дијагонали: (а) тесната испреплетеност на медиумски моќните лица со политичките моќници, (б) компаратвина дијагонала: како човек да се спореди себе си и нашава земја со ваква транспарентност на донаторите на политичките партии. Нашите „политички субјекти“ ги кријат своите донатори како змии нозете, (в) конечно, Бодријарски гледано, што станува со принципот на тајност на политичката определба и правото на тајноста на гласот при избори? Дигитализираната демократија (copyrights Дарко 🙂 длабински го менува и овој традиционалистички концепт и столб на индивидуалните права, сè е трансапрентно, сè е непосредно.