Media & Marketing Blog

Стилски информативни вежби

Не знам дали сте ја читале книгата на Рејмон Кено (Raymond Queneau) „Стилски вежби“? Извонредно книжуле кое на мошне живописен начин раскажува за еден едноставен настан виден од едно деведесттина различни агли.

Токму на ова книга се потсетив кога денес низ комуникацијата со Дарјан размислував за известувањето на локалните медиуми околу немилиот настан во кој еден романски ракометар беше убиен, а двајца други, едниот Хрват, другиот Србин (или еден Србин и еден Хрват), повредени. Да видиме за што вусшност станува збор:

А1ТВ го пренесува настанот со следната сторија: „Убиен ракометар на унгарски Веспрем“. Во содржинскиот дел по новинарската методика на информативен триаголник (од најважното кон комплементарните информации, сѐ до деталите) коректно се наредени информациите:

Романскиот ракометен репрезентативец Маријан Козма е убиен, хрватскиот репрезентативен голман Иван Пешиќ остана без бубрег, а Србинот Жарко Шешум е полесно повреден, откако синоќа биле нападнати во ноќен клуб во Веспрем, западна Унгарија, соопшти унгарската полиција.

Подолу следат останатите детали. Запазете ги сега девијациите од оваа едноставна и базична новинарска професионална норма. Нетпрес оди со насловот „Српски ракометар претепан во Унгарија, уапсени 2 осомничени“:

Група хулигани вчера во кафуле го нападнале српски(от) ракометар Жарко Шешум  и  му нанеле тешки повреди на очната коска. Романскиот играч Маријан Козма е убиен а Хрватот Пешиќ останал без бубрег…

Со други вака описни зборови „еден Србин претепан,  а некој таму романски лузер убиен, плус еден Хрват загубил бубрег“. Очигледно Нетпрес внесува национално приоретизиран критериум во правење наслови и пласирање информации. Но, чекајте, тоа не е крај, да видиме што има „Вечер“ да каже и какви факти има прв да ни открие: „Шешум и Пешиќ – претепани, Козма убиен заради девојка“.

Српските ракометари Жарко Шешум и Иван Пешиќ, кои со својата репрезентација го освоија осмото место на неодамна завршеното Светско првенство во Хрватска, тешко се повредени во тепачка која се случила во една од дискотеките во унгарскиот МКБ Веспрем. Трагедијата е поголема бидејќи тепачката однесе и една жртва. Се работи за нивниот соиграч Романецот Маријан Козма, додека двајцата српски ракометари се сместени во болница и моментално се наоѓаат на интензивна нега, соопшти унгарската полиција.

„Вечер“ како и обично оди чекор понатаму во мешањето на селективно наредени информации и предумислено пласирани коментари, па во овој настан го прави следното: (а) хрватскиот ракометар го посрпчува, па кажува најважното дека (б) српската репрезентација го освоила 8-то место на првенството кое неодамна заврши, (в) во која дискотека ова се случило (се работи за име на клуб наведен како место (?) и (г) конечно кажува дека, ете му, некој Романец и загинал.

И да го цитирам Дарјан од нашата денешна преписка: „Ако не си Србин, џабе е и да те утепат, пак може да те нема во насловот“. Enough said, enough said.

8 коментари на “Стилски информативни вежби”

  1. darko156

    Браво за опсервацијата на Дарјан, и се разбира за Сеад што вака фино го склопи ова 🙂

  2. Стеван

    Таке е тоа кога препишуваш од српски сајтови 🙂

  3. Tomi13

    Жално… Навистина жално.

  4. Lavot

    Проблемот е како што кажа Стеван, што се препишува од српските сајтови, а нив нормално им е поважен претепаниот Србин од убиениот Романец.

  5. sead93

    Сосема се согласувам со Стеван и Лавот, што се однесува до препишувањето, масовна појава, и евидентно е дека кога се пренесуваат вестите или се преведуваат или се цитираат српски извори. Јас лично не сакав да го напомнам во самиот пост тоа, ќе моравд а ги барам преземените спрски прилози, но драго ми е што ете и двајцата како поупатени во праксата на нашите медиуми го споделивте тоа овде.

  6. Ели

    Баш вчера во една дискусија ги споменав Стилските вежби, ти благодарам за линкот! Сега можам и да го илустрирам она што го зборував 🙂

    А за аглите на известување вести… само ќе кажам, long live интернет и птичјата перспектива 🙂

  7. melbourne airport ex

    I can see in what you call the dark, but which to me is golden. I can see a God-made world, not a man-made world. -Helen Keller

Коментарите се затворени.