Media & Marketing Blog

Сител и Канал 5 се само пиони во целата игра

Photo: Emsago sxc.hu

Повторно се отвори дебатата за агрегаторите на интернет содржина во МК. На моменти квалитетна дискусија има на it.com.mk но сепак во обид да придонесам малку кон дискусијата ќе се вратам нешто помалку од две години наназад кога за прв пат дел од медиумите реагираа против агрегаторите, читај time.mk.

Тогаш не знаеја баш како функционираат и се обидоа да пласираат некои нелогични норми, на крај се консолидираа и донесоа правила за фер употреба (агрегирање) на содржина. Она што некои не го знаат или не се сеќаваат е дека правилата се почитуваа. И тоа се почитуваа токму од time.mk кој и тогаш беше прв на удар. Се почитуваа сé додека time.mk не сфатија дека тие се единствени кои ги почитуваат, па решија да си ја вратат рамката и да тераат по старо.

Друг момент кој мислам дека треба да го знаат оние кои мислат дека агрегаторите живеат на туѓ грб е фактот кој укажува на тоа дека сервиси како овој нудат додадена вредност. Сервисот за тоа си наплаќа, т.е си развива бизнис модел за да може да живее. Исто како што би купиле некоја анализа на податоци од некоја консултантска куќа. Може податоците да се јавно достапни, но вие плаќате за начинот на нивната обработка и ставање во контекст.

Факт е дека боли кога вие самите не успевате да направите пари од својата содржина а некој друг прави затоа што сфатил како функционира интернетов, но што е тука е. Да не ни беше целиов медиумски систем толку пореметен може и ќе пишев, има време ќе научат и ќе заработуваат, ама со насокава која ја фатиле, не сум сигурен дека можам да го помислам тоа.

Веќе се договоривме дека ова ќе биде тема на нашиот следен подкаст во живо во среда на РадиоМОФ, а потоа и тука на блог, па затоа нема да пишувам сега многу, ќе оставам нешто и за тогаш. Сега морав да пишам пост зошто веќе неколку дена ме јаде кога ќе си помислам дека дојде ред да се стави и интернетот под конторола.

Од една страна треба да ме радува тоа што конечно ова значи дека општеството (во овој случај читај власта) става до знаење дека истиот има влијание во креирањето на јавното мислење, но од друга страна ова го сфаќаме преку потези кои се имплементираат со цел контола над истото.

Убаво си пиша Игор во коментарите на it.com.mk, Сител и Канал 5 се само пиони во целата игра.

18 коментари на “Сител и Канал 5 се само пиони во целата игра”

  1. sead93

    Очигледно е дека time.mk со својата влијателност им бодеше очи на оние кои го контролираат медиумскиот простор кај телевизиите и печатот. Повлекувањето е со цел да се ослаби неговото влијание, а во директна спрега со посакуван раст на влијание на „најновиот“ агрегатор (некој шеговито напиша дека требало да го крстат barok.mk 🙂 Се работи за политичка сплетка со лоши пазарни и секакви последици, интернет корисниците треба да се поделат, како што се поделени и по телевизии. Тime.mk можеби ќе загуби дел од корисници, но тие што си заминаа ќе загубат многу повеќе. Прилично очајничко-лузерски потег. Јавноста знае кои се тие медиуми и нивната посетеност не може да расте ама баш никако, time.mk им одржуваше колку толку интернест видливост од неутралната и аполитичната публика.

  2. Anonymous

    Не сакам да верувам дека позади ова стои политичка игра. Реално било која влада би изгубила многу ако медиумите што ја поддржуваат ги тргнат од агрегаторите на вести. На тој начин би имало повеќе "опозициски" медиуми и секогаш ќе се гледа само едната страна на гледање.

    Да е од финансиски аспект исто така не ми е логично затоа што агрегаторите на вести им зголемуваат број на посети/гледаност.

    Единствено може некој од сопствениците да имал некои лични конфликти со некои сопственици на медиумите ( до сега не сме слушнале за такво нешто)

    Логичкиот заклучок ми е следниов: Нема логика 🙂

  3. Ilco

    @SEAD93 : Kako be moze agregator da ima vlijanie ? I ako ima kako se pravi toa vlijanie i koj go pravi kompjuterot ? Neverovatno…

  4. Anonymous

    Occam's razor вика дека можеби и навистина сакаат пари. И точка. Секој се води според своите интереси и има право да го контролира/заштитува/прави-што-сака со својот контент. А објавувањето на деловна кореспонденција нема преседан во странство. Барем во тек на преговорите. Или сите треба да прифатат тоа што ќе рече едната страна? Хелоу, ПРЕГОВОРИ И ДОГОВАРАЊЕ…

  5. Anonymous

    Сега отворив да проверам на Google News и таму нема реклами! Не знам дали точно се сеќавам, ама мислам дека кога Google News започна со работа, коментарите од Google беа дека намерно не ставаат реклами, бидејќи во спротивно ќе се соочат со тужби од компаниите чии вести се преземаат.

    Мое мислење е дека Time.mk мора на некој начин да ги дели приходите со сајтовите чии вести ги презема.

  6. Дарко Булдиоски

    Стефан, евего одговорот на твојата констатација: Google introduces ads to Google News

    (коементаров кој го оставив на LeConfig)
    http://leconfig.wordpress.com/2012/02/12/robots-t

    Ми се чини дека фокусот е погрешен. Не се парите фокус. Политиката е главна. Потезиве не се од финансиска туку од политичка побуда. И тоа значително ја менува дискусијата.

    Без намера да бидам сфатен погрешно, ич не ми е гајле за тиме.мк, во целава ситуација тиме.мк е колатерална штета на спастрување на дворот во медиумската сфера во МК. Во овој случај на интернет. Тиме.мк е мета затоа што е број еден по посетеност и боде очи, а не е под директна или индиректна контрола (зависен) од државата.

    Она што треба да не загрижува, барем мене така ми се чини е фактот дека се скратува слободата на говор во најширока смисла.

  7. Дарко Булдиоски

    @Киро, е не е точно така де, има рекалми и сега. Видете го линкот што го ставив горе во коментар и направете search на google news 😉

  8. Anonymous

    Дарко, од твојот линк:

    Kelly McBride, another Poynter faculty member, said "it's always been obvious that Google didn't develop Google News as a public service — they intended to make money off it.

    "I'm OK with Google News making money," she said. "I hope that they will share it with the content creators."

    Agence France-Presse and Google signed a licensing agreement in April 2007 giving the search engine the right to post AFP news and photos on Google News.

    The agreement settled a lawsuit filed by AFP against Google in March 2005 accusing it of copyright infringement for allegedly posting AFP headlines, news summaries and photographs without permission.

  9. Anonymous

    Сега пак го отворив Google News и пак не гледам реклами. Не знам дали јас не забележувам?

    Во секој случај, поентата на сите дискусии што ги видов во врска со повлекувањето на медиумите од Time.mk е дали позадината на тое е политичка или се работи за пари.

    Мое мислење е дека дури и да се работи чисто за политика, медиумската сцена во Македонија нема да може да се контролира со тоа што нема да постои главниот агрегатор на вести. Ако вестите постојат, луѓето што сакаат да ги прочитаат на крајот ќе ги најдат.

  10. Дарко Булдиоски

    @Киро AFP и АP се друга приказна, тие се новински агенции во вистинска смисла на зборот, башка приказна е тоа.

    @Стеван апослутно се сложувам ама самиот факт што ова го наведуваш наведува дека медиумите се поспремни да се венчаат со политиката отколку да размислуваат за повлекување на здрави пазарни потези надов од политичките-бизнис .

  11. Anonymous

    Колку што (не) знам, Курир има 20 вработени… И мислам дека си го ценат трудот и инвестицијата. Значи, све паѓа у вода кога станува збор за комерцијален контент (намерно не викам авторско дело). Ако сопственикот НЕ САКА или бара пари за него, тоа е негова работа и НЕ Е ВО РЕД да се вади од тајноста без согласност од двете страни. Уцени јок.

  12. Darko156

    Киро очигледно за различни работи правиме муабет. Едно е не е во ед а друго е не смее. Но нималку не сакам да дискутирам на таа тема зошто во прашање се етички правила, а за да има такви треба да има дијалог.

    Јас сепак ќе повторам, за мене важниот дел е слободата на медиумите, таа веќе со години наназад ја нема кај традиционалниве а еве сега и онлајн.

    Овој потег вели: не се осмелувај да бидеш голем (во слободен превод со големо влијание) ако не си под наша контрола. Зошто ако пораснеш ќе ти го најдеме чарето.

  13. Anonymous

    Ако time.mk ги тргне рекламите а они не му даваат контент, тогаш нема слобода на говор. Вака има алчен и поалчен.

  14. Anonymous

    @Дарко

    Проблемот е во менталитетот во Македонија. Политиката се сваќа како врв на се и политичката кариера како врв на сите достигнувања.

    Го имаме примерот на А1, која (за македонски стандарди) имаше независна и објективна уредувачка политика и згора на тоа беше финански успешна, меѓутоа сето тоа се растури во моментот кога сопственикот почна да го злоупотребува тоа за да дојде и до политичка моќ.

    Од друга страна го имаме примерот на сегашниве телевизии, од кои Канал 5 на пример, има поголем дел од поранешниот тим на А1, меѓутоа наместо да тргнат по истиот пат, се обидуваат да најдат скратен пат и со додворување до политичарите да стигнат до успех.

    На трета страна имаме медиуми кои се однесуваат како продолжена рака на опозицијата и очекуваат појака позиција некогаш во иднина, кога ќе дојде до смена на власта.

Коментарите се затворени.