Media & Marketing Blog

ПР-от е мртов. Да живее онлајн ПР-от!

Овој текст е во целост преземен од блогот на HomePage.rs и од авторот Милоје Секулиќ, наш одличен пријател, кој всушност во многу наврати бил и наша мотивација и инспирација за тоа каде сакаме да се движиме во нашата професија и на нашиот пазар. Кога го прочитавме текстов со Дарко, бевме ужасно среќни за неговата моќност, анализа, и пораката испратена до сите кои се занимаваат со онлајн комуникации и апсолутно се согласуваме со секое зборче пишано тука. Ништо не би додавала само би ве советувала да го прочитате внимателно.

@milojesekulic на #AllWebMK 2013

@milojesekulic на #AllWebMK 2013

ПР-от е мртов. Да живее онлајн ПР-от!

На крајот на ноември 2013та година, астероид со едно соопштение за јавност на компанијата Coca-Cola удри во ПР планетата, подигна облак од прашина кој ја покри и оневозможи сончевиот зрак познат како „Односи со јавност“ да ја храни со топлина, енергија и пари. Во следните неколку дена комлетно се рекомпонираше сликата за медиумите какви што ги знаеме денес и предизвика изумирање на диносаурусите – професионалци за односи со јавност кои не се прилагодија. Беше сеедно дали се работи за ПР агенциите или издавачите кои својата работа ја засноваа на застарени тактики, или пак се работи за компаниите и нивните брендови кои не прифаќаат дека општеството одново се најде во ера во која човекот е во центарот на настаните како пренесувач на пораките. Технологијата е тука само да му помогне пораките да се слушнат подалеку од што човекот е во можност да ги пренесе. Глобално, секако ако тој така сака.

Што ќе стане со ПР-от и медиумите?

Во Србија, највлијателните бранови на експлозијата стигнаа на 19ти декември во форма на текст кој го објави маркетинг порталот Marketing mreža. Суштината на промените кои следуваа е искажана во следната реченица:

Компанијата Coca-Cola, на крајот на ноември, најави дека сите свои соопштенија за јавност како и класичните корпоративни страници ќе бидат укинати до 2015та година.

И ништо не се случи, барем не до сега и не во Србија. Тишината во која е објавен овој сигурно значаен настан во тамошниот ПР свет, бидејќи Coca-Cola е лидер за многу промени во комуникациската индустрија, е индикативна. Соопштенијата за јавност во светот, доколку опстојат, се префрлаат во форми кои ги диктираат односите со медиумите во виртуелниот простор. Тие се многу кратки и богати со линкови. Така барем владата на Канада вели дека ќе работи во иднина:

 На медиумите и на јавноста ќе им понудиме нешто поинакво. Два или три пасуси, краток и јасен текст, ќе им овозможат брзо да ги сфатат клучните пораки од соопштенијата.

Со ова во потполност навлегуваме во ерата на „Online PR“ чија следна фаза на развој ѕирка зад развој на социјалните мрежи, а се вика „Social PR“. Всушност се работи за преориентација на оние кои се бават со комуникација кон социјалниот веб и неговата основа – секоја поединечна личност како и онлајн заедниците во кои секоја единка се здружува. Погледнете ја ситуацијата со медиумите на глобално ниво, со нагласок на пазарите во економска и социјална криза кои имаат влијание и на медиумите. Keep calm and use SMШто всушност ни се случува? Живееме во време на диктатура од влијателните кога онлајн изданијата на медиумите имаат повеќе посети од купените печатени медиуми во Србија и кога се појавуваат нови професионалци со опис на работно место „пребарување на интересни и вирални содржини на интернет и нивно објавување во соодветна форма“. Од тука е сосема логична и оправдана и одлуката на Coca-Cola да ја префрли својата комуникација од овие медиуми, на микс од сопствени онлајн медиуми и социјални медиуми, како место на кои ќе се збираат и ќе се анимираат заедниците и како генератор на посети. Како оваа одлука ќе се реализира во пракса ќе покаже времето. Секако има и различни и спротиставени мислења. Дали со ова основите на ПР индустријата потполно се менуваат? Одговорот е дека се менуваат алатките и начинот на работа, но не и самата суштина на оваа професија.

Што ги очекува новинарите и агенциите?

На прашањето поврзано со нивната позиција и иднината на професијата, кое сигурно се поставува во новинарските кругови, одговорот го дава самото соопштение со кое и овој пост е започнат:

Coca-Cola повикува текстописци со новинарско искуство чија задача ќе биде да креираат квалитетна содржина соодветна и „поттикнувачка“ за целната публика на Coca-Cola.

ПР-от, или ако се разгледува во пошироки рамки, комуникациските агенции ќе мора да се прилагодат или ќе изумрат. Големите брендови го покажуваат правецот, а другите ќе го следат. И тоа се случува во моментов.

Оригиналниот текст може да го прочитате на http://homepage.rs/know-how/pr-je-mrtav-ziveo-digital-pr/