Media & Marketing Blog

14 #ПрегледВоПеток

Нешто повеќе од еден месец подоцна, еве не назад… се исфорсиравме пред празнициве и јануари затаивме, заглавивме на баксузната 13ка :). Добро, не дека не бевме активни, одржавме две бесплатни обуки на тема: Facebook: Што по замирањето на органскиот досег? но сепак и тоа не е оправдание.

Две сервисни инфорамции пред да почнеме со прегледот на насобраните линкови. Прво, можеби некој се сеќава, во спетември кога го започнавме овој серијал ветивме враќање на видео #комкаст-от. Епа тука е некаде.. на брегот, наскоро ќе дојде. И второ, ако некој од оние кои беа или се пријавија на горе спомнатата обука го чита текстот… не се секирајте презентацијата ќе ја објавиме неделава. Ајде сега, да се фрлиме на препорачаните четива за изминатиов период. Имаше многу, дека долг период помина, ама еве некој скратен избор:

1. Довербата во медиумите паѓа. Најновиот Trust Barometer на Edelman, 18. по ред вели дека генералната доверба во медиумите ни опаѓа, вклучувајќи ги и социјалните, колку и да е комплесно да се даде одоговр на ова. Извештајот раскажан преку 5 графикони го имаат спакувано Digiday а за оние кои сакаат да копаат повеќе овде се сите бројки.

2. Франција ги забранува мобилните во училиштата. По делумната забрана, сега властите донеле одлука за комплетна забрана за користење на паметни телефони и на паузите во училиштата. Некако ми се допаѓа оваа идеја, не знам дали е тоа вистинскиот потег или не, ама самиот факт дека се реагира на промените е за поздравување.

3. Voice search. Го има на секоја листа на трендови за 2018. Уредите кои ги заменуваат кристалните вазни по дома почнаа да ги запоседнуваат и нашите домови, па не е лошо со време да се разгледа и одој свет. Еве едно фино спакувано PDF-че кое може добро да дојде како подготовка за она што веќе се случува, уреди кои комплетно фукниционираат со гласовни команди.

4. HTTPS. Безбедноста на прво место, и анонимноста, до некаде. Откако Google (SEO) и серија други сериозни играчи одлучија дека ќе ги поттикнуваат безбедните (енкриптирани) размени на инфорамции еве го следниот чекор. Прелистувачот Chrome од јули сите веб страници кои нема да имаат активна екрипција ќе ги бележи како небезнедни.

5. Twiplomacy. Владата и јавно си кажа дека ќе посветува многу внимание на социјалните мрежи. И од она што може да се види, си стои на зборот. На темава: Твитер новото лице на дипломатијата, има текст МИА а во него мудро коментира и нашиот ко-автор Сеад. Јас искрено мислам дека е задоцнет текстов, но сепак не е дека не е релевантен. Пресуди сам.

6. Instagram Hashtags. Да се вратиме ние на маркетинг, подалеку од политика :). По „смртта” на (органскиот) Facebook, фокусот уште повеќе се срте кон Instagram, меѓу другото и поради поголемата ефективност на „влијателните” таму. Како и да е, не заборавајте дека и тој е во сопственост на Facebook, па и тој постојано се менува. Меѓу серијата промени во последниве месеци (да, да сега може и гифче да се закачи на insta story) има неколку новини и кај хаштазите. Later не води низ промените и како да извлечеме максимум од нив: New Rules for Instagram Hashtags: How to Find the Right Hashtags for Your Business in 2018

7. Intel Smart Glasess. Одамна не се воодушевувам нови парчиња технологија (затоа што претераа со цените на iPhone моделите 🙂 ), особено не на паметни наочари (Google Glasses се појавија прерано) но ова видео некако неочекувано ми го привлече вниманието. Не ни следев дека Intel развива вакво нешто, но вака на прва изгледа доста добро.

8. The Follower Factory. И некаде при крај на овој преглед еве еден од најсподелуваните линкови изминатиов месец. Ако не сте ја исчитале сторијава, морате. Тимот на NYT има во детали истражено кој колку платил и добил за лажни профили и интеракции на Твитер. Пак во голема мера е вмешана политиката, т.е. политичарите, но има и многу бизнис(мени).

9. Ranking Factors. За да не испадне дека само на политика удрив(ме) овој преглед еве и еден SEO линк за крај. SEMrush ја дополнија својата студија за фактори кои вијаат на рангирањето на вебстраниците на Google Search. Вреди да се види и знае…

Бонус:
Instagram introduces shopping-enabled ads
Twitter reported profitability for the first time