Media & Marketing Blog

За штетноста на мобилните телефони

Во скорешна студија за мобилните телефони спроведена во Финска, една од земјите лидери во користење на мобилните телефони, повторно е реактуелизирано прашањето колку секојдневното користење на овие модерни комуникациски средства е штетно за здравјето:

При долгогодишно користење на мобилни телефони расте ризикот да добиете рак на мозокот, гласи заклучокот на финската студија. Научните истражувања покажаа дека најпогодени се луѓето, кои најмалку десет години редовно или особено интезивно користеле мобилен телефон. …DW на мaкедонски

Набргу следуваше и сомнеж од повеќе инстанци колку оваа анкета е објективна и која предупредува дека :

Испитувањата што ги направи тимот на Ана Лакола покажаа дека од 1521 испитани пациенти само 143 користеле мобилен телефон. Друг исто така важен аспект од студиите е дека поголемиот дел од испитаниците биле луѓе од социјално послабиот слој во општеството. …DW на мaкедонски

Она што може да биде и покорисно за нас од информацијата за се уште нерасчистената штетност на мобилните е поуката дека треба особено критички да се приоѓа на тврдењата на денешните анкети кои се почесто прилично догматски се наметнуваат како непорекливи аргументи и врвни докази за какви и да е тврдења.