Media & Marketing Blog

Social community media

Пред неколку месеци во неколку мои постови тврдоглаво повторував дека блогосферата е моќна работа. Деновиве во нашава блогосфера на оваа тема се дискутираше често. (линк, линк, линк)

Тогаш (пред неколку месеци) увидов колку се моќни некои други локални блогосфери и паралелно бев во ситуација да го следам развојот на нашава, токму поради препознавањето на некои од суштинските елементи во неа се осудив да оценам дека ќе ја биде.

Не велам дека денес е веќе моќна, далеку од тоа, но прогресот кој го доживеа е повеќе од голем. Затоа ќе повторам идеа која се спомнува по блоговиве:

Индивидуи прават промеи !!!

Блогосферата е всушност како и секоја друга социјална форма на здружување, со свои карактеритични елементи. Големината на индивидуите во неа ќе биде пресудна за нејзината величина.

И на крај повторно

БЛОГОСФЕРАТА Е МОЌНА РАБОТА