Media & Marketing Blog

Spark.me настан кој не се пропуштa!

Кога ја имаш совршената локација, кога го имаш соврешеното време, тогаш во основа имаш предиспозици за сериозно големи работи. Црногорците тоа одамна добро го знаат па веќе неколку години по ред организираат врвни настани кои на едно место собираат релевантни светски но и многу регионални имиња од полето на интернет маркетингот, социјалните медиуми и претприемништвото.

sparkMe

Spark.me по својот иницијален успех минатата година јасно беше дека ќе го има и оваа. Организаторите уште лани најавија дека 2014 конференцијата ќе биде во јуни, и полека почнаа со најави на истата. Но, изгледа имаа премногу за најавување па побрзаа со многу одлични имиња од самиот старт. Тие веќе ги најавија: Alf Rehn, Dino Dogan, Ivan Hernandez и, сега за сега за мене, најголемото име David Armano

Минатата година воодушевија John Biggs и нашата омилена Драгана Ѓермановиќ па со право оваа очекуваме еднкво ако не и поголемо возбудување. Локацијата е Будва, датумот е 19 и 20 јуни а цената за учество уште три дена е само 50 евра.

Ако мојата искрена енергија и препорака не е доволна препорака за да се регистрирате на настанов, еве и 6 причини кои организаторите велат дека ќе ве мотивираат да бидете дел од Spark.me (вклучуваќи ја и забавата 🙂