Media & Marketing Blog

Газда Facebook

Се рашири брзо веста дека Facebook направи мали, но значителни, помени во лиценцата. Дамјан на IT.com.mk убаво појаснува за што станува збор:

Досега, правилата и условите гласеа дека откако ќе го откажете својот профил, сите стекнати права над содржините кои ги имате објавено истекуваат. Но последната промена на 4 Февруари над овие правила носи големи промени, а остранети се и неколку клучни делови.

Нити да ми пишат на wall нити да ме известа во Inbox, ништо. Ако не си прочита човек наоколу нема ни да дознае, верувам дека од 150 милиони најмалку 140 се дел од оваа група. Дамјан и појаснил што значи оваа промена:

Со овие нови права Facebook можат да ги користат, копираат, објавуваат, стримуваат, снимаат, јавно објавуваат, пренесуваат, скенираат, форматираат, модифицираат, изместуваат, преведуваат и адаптираат вашите содржини кога ќе им се посака, независно од тоа дали вие сте и понатаму член на сајтот.

А јас го напишав овој пост за да дополнам уште попластично: Тоа значи дека ако некој ден си ја видите фотографијата, уметничкото дело, видеото или личната исповед во некој медиум на некој ѕид или на МТV џабе ќе везете, се е тоа на Facebook и џабе воопшто се замарате да ограничите кој ќе ви го гледа акаунтот. Газда

2 коментари на “Газда Facebook”

  1. dzamski

    денеска имав нешто стигнато дека правата ни се вратени, или како му доаѓа тоа, вратени се старите правила на facebook, ама дали нема пак да ги променат кога ќе им текне, не знаеме. Во секој случај можат да манипулираат со нас.

Коментарите се затворени.