Media & Marketing Blog

Дали и каде се жалите на интернет?

Кога последен пат си пополнил/а формулар за жалба во некоја продавница, банка, јавна установа или сл.? Колку често ги гњавиш блиските за тоа како ти се „испонашал” некој или некоја на шалтер или во дуќан. А колку често тоа го правите на интернет?

Колку често отворате Facebook, или Twitter и си пишувате се што ви лежи на душа? Па уште ако е присутен брендот на интернет, кец на десетка :). А контакт форма, бараш? Иако има агенции кои го следат задоволството на корисниците во МК, не сум слушнал дека некоја од нив испитувала или известува дали, како и колку локалните потрошувачи практикуваат да го изразат своето незадовоство на интернет.

Во Велика Британија едно вакво истражување неодамна било спроведено од страна на Lightspeed Research. Истражувањето е многу пошироко и утврдува каква е интеракцијата на британците со брендовите на социјалните медиуми. Резултатите се интересни па затоа не е лошо се погледне: How are consumers interacting with brands in social media? Меѓу другото, истражувањето навлегува и во прашањето како најчесто корисниците поднесуваат жалби до брендовите на интернет. Вака изгледат резултатите:

Секако во духот на користењето на сервсиите корисниците очекуваат и да им биде одговорено соодветно. Па така повеќе од 60% очекуваат да добијат одговор во рок од еден ден. Еве ги деталите:

И да се вратам сега јас на првиот дел од постов. Како ти би одговорил на прашањава? Каква е воопшто состојбата кај нас, има ли каде официјално на интернет да се поднесе жалба и дали воопшто некој одговара на овие реакции? Кое е твоето искуство?

(via)

5 коментари на “Дали и каде се жалите на интернет?”

  1. Ива

    За жал моето искуство е ужасно, особено со Facebook. Со оглед на тоа дека немам сретнато посебен простор на FB страница каде што може да пратам забелешка, пишувам директно на wall-ot. Каде и да сум објавила негативен коментар (најдобронамерно) тој бил бришен во рок од максимум 5 минути. Компаниите како да сакаат да остават само позитивна слика на социјалните мрежи колку и лошо да работат…

  2. mbreti3gut

    Me cudi so nema i "via Email"!!!

    Jas licno ovoj metod go imam koristeno nekolku pati. Imav iskustvo i so lokalni firmi pa vremetraenjeto na cekanje odgovor e od nekolku casa do nikogas

  3. gramosli

    Една работа е каде и колку се жалиме, а друга е колку компаниите се спремни да го регистрираат тоа и да Ви одговорат на истото. Искуството ми кажува дека нашите компании, бренд мониторингот го рангираат многу ниско на листата на приоритети, што значи дека воопшто не им е битно што се зборува за нив на нет. Со сосема мал број на исклучоци.

    Исто така моќта на мрежата кај нас, за жал, се уште не е доволно развиена за да предизвика сериозни оштетувања на брендот. Кога ќе го достигнеме тоа ниво, еден негативен коментар оставен било каде на нет да го разниша брендот (а со тоа на нивните приходи, зошто само тоа ги отрезнува), тогаш потрошувачот ќе биде Бог, а компаниите ќе ја следат и секоја запирка оставена на нет од нив.

  4. Liljana

    Voznemireni roditeli od Grad negotino . Nasite deca se skoluvat vo gimnazija Sv Kiril i metodij imame golemi problemi .Mnogumina ucenici bea ostaveni na klasen ispit del od ucenicite gi polozija ispitite No edna od ucenickite ne bese polozena bidejke i zabrani da pologa .Devojceto so golem trud se trudese i si barase odgovor zosto ne i dozvolija da polaga i dadoa zabrana. Bese prekinata od zamenik direktor Posle nekoe vreme devojceto podade molba isto taka i zalba No bese odbiena Posle koa trebase da se polaga ja stavija vo vondredno I i barat pari da ga gi polozi tredmetite Se obrativme kaj istepkorka ona ni se obrati so zbor deka predmetite ne treba da se prakat Devojceto koja odite sektetarkata i bara pari za da gi polozi predmetite .Predhodnata direktorka ne prezema nikakva merka za mene koga odam da razgovaram so neja ona mi kazuva si gi polozila predmetite a ne me pustat da odam na skolo Vejke 2 godini sedam doma . Sega Imame nova direktorka koga odam ona se otstranuva Od mene I ne prezima nikakva merka .Maja tefova minat direktor Mi barat pari za da si ja zemam godinata .Koa vidov deka me lazat celo vreme jas i se obrativ na direktorkata i i rekov da mi gi dadi dokumentite da si baram no taa mi kazuva dokumentite ne se kaj nas . Isto taka se obrativme do ispektorite od negotino koi i oni ne prezema nikakva merka samo nekoa nemozime nie nisto Ve zamoluvam da dojdite vo gimnazija Sv kiril i metodij vo negotino da vidite sto se slucuva .isto taka Direktorkata i sekretarkata i zamenik direkor imat mogu losi dela koi da dojde nekoj da polaga ili da prezemi godina im barat pari bidejke gi lazat deka nema ispadnata sluzben vesnik ima mnogu golem kriminal koi samo so finansija barat na site Dali e toa gimnazija ili privatna ordinacija .Ve zamoluvame da dojdite da pezemete merki se krijat mnogu losi rabori Kakvi se tija profesori sto Po celi casovi gi nema .Pozz od negotino

Коментарите се затворени.