Media & Marketing Blog

Медиумски црнила

Изминатава недела, со посредство на медиумите бевме информисани за серија морничави и наежавувачки инциденти и настани.

Кумановец пуштал порно на деца и се соблекувал пред нив

Син ја силувал мајка си

Притворен педофилот од Куманово

Куче скитник носело мртво бебе

Не користам дрога за секс…

Мајка ги продавала осумгодишните ќерки.

По се изгледа долгорочната инвестиција на (локалните) медиуми(те) во систематско пласирање на крвави црни хроники и ударни негативни вести, полека но сигурно дава резултати. Публиката полека станува актер во вестите, на начин на којшто медиумите го бараат тоа од неа, а ние останатите стануваме аморални и индиферентни кон она што се случува околу нас.

Не може човек ништо умно да каже освен да препорача анализи на овие феномени за оние кои сакаат да разберат што всушност се случува и како медиумите влијаат во генерирањето на вакви грозотилаци:

Analyzing certain resonant images is another way to ferret out media effcts.Certain images resonate to our experiences and stick in the mind, moving us to later thought and action. Sometimes pop figures like a Rambo, the Simpsons, a Madonna, a Beavis and Butt-Head or a Britney Spears become highly resonant, mobilizing thought and behavior, so that one wants to be a Britney, imitating her style of dress and image moves; one wants to be a Rambo, imitating his macho behavior; one emulates Beavis and Butt-Head, replicating their laughs, their ways of speaking, and perhaps even their asocial behavior. Freud found that certain scenic images, such as a child being beaten for masturbation, or discovering his parents having sex, have a profound impact on subsequent behavior. The images of these scenes remain as paleosymbols that control behavior, Douglas Kellner.

3 коментари на “Медиумски црнила”

  1. dasaf

    се ужаснувам од секој црн настан кој го покриваат нашите медиуми.

    особено убиствата или сообраќајките кога апла објавуваат снимки со безживотните тела.

  2. sead93

    dasaf, и што е уште пострашно, растрчани се баш во потрага по вакви стории, што по грозни тоа подобро, ги стваат во ударниот блок вести (Насловни), мислем веќе сите медиуми.

Коментарите се затворени.