Media & Marketing Blog

#комкаст s02e01 – Улогата на маркетерите во креирање на корпоративен вебсајт

Ветено, сторено. Кога го започнавме #ПрегледВоПеток уште во првиот блог пост рековме дека ќе се вратиме и со видео. Ни требаше малку повеќе време како и обично, ама еј, тука сме, не се откажавме, напротив.

Одиме со ново нумерирање на епизодите, зошто оваа нова сезона има најмалку два новитети во неа. Прво има нов ко-домаќин, колегата Дарјан Раденковиќ кој од септември опасно го појача тимот на NewMediaMK и во заеднички договор секоја епизода ќе има централна тема, а понегаш и гостин.. или патување.. 🙂

На блогов фалат последните три епизоди. еве ги на YouTube: 28, 29, 30

Да не должам премногу, во првата епизода од оваа нова сезина на #комкаст зборуваме за улогата на маркетинг тимот, или луѓето во развојот и унапредувањето на корпоративниот (добро де, компанискиот) вебсајт. Предизвик со кој секојдневно се соочваме веќе години наназад, што низ работата, што низ предавањата кои ги држиме во различни ситуации јас и Дарјан.

Еве ја епизодата во видео и аудио (под видеото, ако некој така сака повеќе) и „сабјскрајбнете” се на нашиот YouTube канал или на подкастот.

Play