Media & Marketing Blog

Весниците со помал профит

Не кај нас, иако не би ме изненадило и тоа, ама нема кој да ти каже за таква работа. Паднал профитот на бесплатните дневни весници ширум светот. Уште поточно паднал профитот на Шведскиот издавач на бесплатните весници Метро. Си имаат тие своја приказна зошто тоа се случило.

Free newspaper group Metro International posted 61 percent fourth quarter losses in operating profits on Friday, blaming its performance on a difficult global newspaper market.

The Sweden-based group also said its poor U.S. results were due to global credit problems. In the United States, newspapers are having trouble as print advertising migrates to the Internet, and problems in the real estate sector have hurt classifieds. …SNF

Но мене ми се допадна чичко Гинер како дискутира на тема цена на весниците, па некао си го поврзав со оваа, малку постара, вест. Тој вели:

“The question is not to pay or not to pay, but to read or not to read.”

Ставил и листа на весници за кои не би му било жал да плати дупло.

Тргнувајќи од фактот дека давам пари за весници и магазини, често, само за да ги видам, не можам да се сетам во моментов дали пости локален весник или магазин за кој без размислување можам да речам дека би платил повеќе од неговата сегашна цена, па макар бил и бесплатен 🙂 (како општинскиот на Аеродром на пр.).

А за тебе? Постои ли таков? За кој весник би платил повеќе затоа што навистина е добар?

2 коментари на “Весниците со помал профит”

  1. Anonymous

    Иако не е така, ја се си мислам дека сум прозван да коментирам. Пошо и јас сум весникар, могу повеќе него новинар.

    Па, вака!

    Епааа, за да платам двојно треба да ме воодушеват барем два текста. А ретко има по еден. Вклучувајќи го, а посебно и тој, весникот у кој работам.

    Зашо е така, дугачка е… Впрочем, како шо рече Зоран Андоновски екс – Време у емисја кај Анета, новинарството ни е на исто ниво како и мнпгу други работи во државата,

    Ама ја се надевам дека еден ден ќе се појави еден дневен весник, на 100-тина страници со репортажи, осврти, колумни, рецензии…..

    Шо се тиче за магазините, таму нема нишо. Бришан простор. Нема за шо да платиш реална цена, а камо ли двојно.

    Пријатно!

  2. dasaf

    кога секна привремено Време, си размислив – колку ли само не ми недостасува. после тоа си подразмислив подобро и сфатив дека било кој весник да згасне нема да ми недостига. воопшто.

    единствен случај кога „весник“ ми недостигал беше кога згасна Урбан Магазин – некаде 2002. ама затоа уште ги имам сите 15-6 броја што излегоа.

Коментарите се затворени.