Media & Marketing Blog

Дали интернетот е транспарентен?

Во ист ден во два различни текста (со две различни активности на владините тела) се покренува едно прашање кое требаше многу порано да биде предмет на разгледување.

Колку е транспарентен интернетот како медиум? (особено кога го користи државата)

Мојот одоговор би бил, колку ќе сработиш толку, колку време ќе му посветиш толку, каков имиџ ќе му изградиш толку итн.

Првиот текст доаѓа од Дневник и вели дека имало иницијатива имотот на политичарите да се објави на интернет. А како ли јас ќе можам да и верувам на Антикорупциската комисија дека овие списоци редовно ќе ги надополнува кога нивната интернет страница не е дополнета многу одамна, а дел е во изработка, (да не спомнувам дека во Firefox не ја гледам како што треба) каква доверба ми влева дека овие објавувања ќе бидат транспаретни??

Вториот текст доаѓа од Време и вели дека Владата на последната седница донела некаква си одлука за шетање со лап-топови (лап-топ компјутери) низ државава. И кажете ми како да ги сфатам дека ќе шират информатичка влада* (на ова ќе се вратам на крајот од овој пост повторно) ако во извештајот од нивната последна седница (линк) нема никаква информација за тоа??

Навистина идеите се одлични но туку така не се прават вакви работи.Треба претходно да се подготви теренот за да може ова да биде доживеано баш онака как што е и замислено. Јован има уште еден ваков пример (случајо или не) и тој е објавен денес.

Мислам дека во целава “наша” стратегија за информатичко (не информациско) општество недостасува една многу важна ставка а тоа е јавно промовирање на концептот, ама не мислам на прес конференции за отварање на една интернет страница и потоа никој никогаш да не се врати на неа.

* Цел свет создава дигитална демократија, електронска демократија, електронска влада, дигитална влада итн. САМО нашава влада е информатичка влада. Демек за да бидеш дел од владава мора да си информатичар 🙂
А башка муабет е тоа колку тие ќе заштедат на хартија со создавањето на е-влада. Нешто светсково искуство не ја зема таа предност како најважна, ама ај за тоа во некоја друга прилика. Само да бидеме на чисто овој потег според мене е катастрофален.

2 коментари на “Дали интернетот е транспарентен?”

  1. Развигор

    Дарко, Националната стратегија има во себе вградено пет приоритетни активности од кои зависи нејзиното успешно спроведување.

    Според мене, за тестирање на спремноста (commitment) на Владата да ја спроведе, најважна и најитна ставка беше експлицитното одвојување на дел (0,5-1%) од Буџетот на РМ за 2006 за информатички развој, по примерот на Естонија. Дали Владата го стори тоа?

    Американците имаат една поговорка: put your money where your mouth is.

  2. Развигор

    Пропуштив да ставам линк за симнување на Националната стратегија за развој на информатичкото општество (PDF, 6MB).

    Стратешките мерки од Приоритетните области за одржување одржливост на стратегијата се на страница 62. Тие се:
    1. Дефинирање законска рамка.
    2. Дефинирање институционална рамка – државни тела одговорни за НСРИО.
    3. Градење на јавната свест.
    4. Создавање можности за широка достапност на интернет за сите граѓани
    5. Дефинирање механизми за обезбедување средства за финансирање на развојот на информатичкото општество во РМ.

Коментарите се затворени.