Media & Marketing Blog

КУЈНА ЗА НОВИ МЕДИУМИ

Пред неколку дена разговаравме со .аНТИ дали на блогерите треба да им се испраќаат известувања за медиуми. И еве јас имам задоволство да пренесам едно такво:

Време и место: Мултимедиален Центар „Мала Станица“,
23 Февруари 2006, 20:30 часот

Центарот за изведувачки уметности МУЛТИМЕДИА имаат чест да Ве покани на промоција на програмата КУЈНА ЗА НОВИ МЕДИУМИ. Одделот за видео/филм/нови медиуми при ЦИУ Мултимедиа, настана пред се од идеата и потребата за постоење на место за новите генерации кои создаваат во „рамките“(?) на овие изразни средства. Место, каде интердисциплинарноста, идеите и процесите, се пред продуктот. Место каде заинтересираните ќе можат да се информираат за сите нови светски трендови во полето на дигиталната технологија и медиуми. Особен интерес на оваа програма е градење на стратегија за поврзување на уметноста и технологијата во Македонскиот културен дискурс.

Промоцијата на ова програма ќе биде проследена со проекции од двајца млади и значајни филмски автори од Македонија, кои повеќе се познати и работат надвор, одколку во својата земја: Јани Бојаџи и Васил Христов. По ова ќе следи забава со музика од колективот плагиј.ат. Следно на програмата се проекции на авторски филмови и спотови на Борјан Зафировски, со специјалните гости Robotek и Оги Димитров.

Благодарност до Радмила