Зрееше, зрееше и демек стигна до фаза кога може да се покаже на сите. Не, не е сеуште созреано, ама на добар пат е. Заедно со еден пријател (Док) последниов месец малку по малку се обидовме да дотераме едено ново блогче на кое ќе се потрудиме да ставаме реклами.
Меѓународни, но и домашни. Фокусот секако ќе биде на домашни бидејќи, за жал, многу ретко на светските собиралишта на реклами можат да се најдат делата на локалните креативци.
![]()
Засега, „крадевме” реклами на партизански начин а во иднина се надеваме дека агенциите ќе не удостојат со оригинални материјали, со цел да ги промовираме нив и нивните дела. Ако имаш можност пренеси ја пораката до некој од оваа фела, или едноставно доколку има некоја реклама која на било кој начин те воодушевува, слободно сподели adlog.mk(at)gmail.com. Ќе се потрудиме да ја збогатиме базата на ADLog.


Од dasaf 22 February, 2008 - 10:28 am
фул респек!
Од GoodBytes 22 February, 2008 - 7:50 pm
Супер е блогот, честитки за авторите и желби за успех. Ви спремам еден мал придонес.
Од Археоблог 23 February, 2008 - 11:45 am
Со успех :)
Од Статистички податоци за блогот Комуникации.нет, по 5 години | К О М У Н И К А Ц И И 28 March, 2010 - 5:09 pm
[...] адвертајзинг креатива со еден пријател во јануари 2008 го направивме првиот огранок на овој блог: ADLog. Малку подоцна кон [...]