МРТВ растура

Неколку пати реков, пак ќе повторам МРТВ си е МРТВ, па што сака нека биде ;)

На едно прелистување на последните вести објавени на нвниот сајт наидов на овие две вести:

Блогер осуден на четири години затвор
Египетски суд осуди интернет-блогер на казна затвор од четири години, поради навредување на исламот и египетскиот претседател. Процесот против Абдел Карим Набил е прв случај во Египет со кој се казнува блогер…

Онлајн енциклопедијата Википедија има пари уште за три месеци
Фондацијата Викимедија, која управува со издавањето на бесплатната онлајн енциклопедија Википедија, нема финансиски потешкотии кои би се заканиле на нејзиното постоење, изјави претседателката Флоренс Дувуар

Чувствувам дека набрзо ќе почнат (редовно) да ставаат и линкови и ред други работи, и јас ќе одам да побарам хонорарно работно место таму :). Браво за МРТВ

Technorati Tags: , , , , , , , .

.


Дарко Булдиоски

Дарко Булдиоски е ко-основач на NewMediaMK - Интернет маркетинг агенција и NewMediaCenter. Активно започна да работи во полето на новите медиуми пред 7 години како блогер, продолжи како предавач, консултат и тренер. Дарко слуша тешка музика, игра баскет и се труди да биде најдобар татко.
This entry was posted in Local, News, Online. Bookmark the permalink.

Коментирај!