Што е RSS?

На светските интернет портали најчесто кога ќе го сретнете овој термин веднаш до него има и опција да кликнете за објасување. Да бидам искрен знаев што е RSS и како функционира (бидејќи го користам овој систем неколку месеци) но сепак немав во главата јасна и прецизна дефиниција како би го објаснил овој систем на некој пријател.

И токму затоа се рашетав низ нашиве страни за да најдам кој има вакво објаснување. Најдов три текстови кои се наоѓаат (по интернационалното правило) веднаш до опцијата.

Макфакс, BBC на Македонски, и SETimes

Еве кратка верзија од дефиницијата на Макфакс.

Што е RSS?RSS е едноставен начин за автоматско преземање на информации од веб локации кои ви се допаѓаат. Наместо да ги посетувате веб сајтовите за да видете дали на нив се појавила нова вест или статија, можете да користите RSS (Really Simple Syndication – многу едноставно поврзување). На тој начин веднаш ќе бидете известени за најновите случувања или промените на сајтовите кои ве интересираат.

ако знаете уште, слободно посочете
_____________________________
07.03.2006: И на македонскиот ел од BBC појаснување за RSS.


Дарко Булдиоски

Дарко Булдиоски е ко-основач на NewMediaMK - Интернет маркетинг агенција и NewMediaCenter. Активно започна да работи во полето на новите медиуми пред 7 години како блогер, продолжи како предавач, консултат и тренер. Дарко слуша тешка музика, игра баскет и се труди да биде најдобар татко.
This entry was posted in Technology. Bookmark the permalink.

4 коментари на "Што е RSS?"

Коментирај!