Media & Marketing Blog

[интервју со двајцата] Влатко Васиљ: Сеад не е најдобар, ама нема подобар од него.

Немам баш и што да најавам. Ми текна пред некоја вечер, им пратив прашања, ги чекав да ми одговорат 3 дена затоа што беа „зафатени”, а по цел ден ги гледав твитаа и коментираа 🙂 и еве ги, конечно одговорите.

1. Сеад прв пат дава интервју за блогот на кој е автор. Коментар?
Влатко: Тука веќе почнува да добива смисла она кога пишуваш статус на ФБ и сам си го лајкнуваш.
Сеад: Сега конечно знам како му е на Ѕинго кога дава инетрвјуа за Сител.

2. Да пресечеме одма…Twitter или Facebook? Без политички одговори молам…
Влатко: Твитер. Со тешко срце.
Сеад: Твитер дефинитивно, побрз, поинтелигентен, посодржаен…Башка на Твитер нема FARMVILLE и MAFIA WARS, а ни диџеи.


3. Дали ги чувствуваш како обврска? (за личните профили прашувам, не за хејт групите кои ги оджувате :P)
Сеад: Не, да беше некоја обврска ќе си ги затворев. Кога ќе ми спласне ентузијазмот или интересот ги оставам на страна малку да ми понедостасуваат и им се враќам пак.

Влатко: Како потреба. Уживам во друштво со себеси.

4. Ти се побунил некој ако те нема некој ден?
Влатко: Жена ми.
Сеад: За еден ден не, за 2-3 да, во стил „А бе кај е овој“ или „Шо се стори чоекоф“, да.

5. Пари?
Влатко: Ми требаат.
Сеад: Шо пари, пари нема…Твитер помни оти уредно сум го ретвитал Вуна со неговиот твит „Кај се парите?!?!“.

6. Слава?
Влатко: Св. Никола
Сеад: Не, друг систем се социјалните мрежи, воспоставуваш комуникации, запознаваш луѓе, шириш мрежа, бираш онлајн другарчиња по свое…Славата подразбира некое чувство на супериорност што твитер заедницата не ја трпи. На Facebook е поинаку: ако некој ти отвори Fan страница, тогаш изгледа дека си славен.

7. Кој од вас двајца е појак на Facebook? Без политички одговори молам…
Сеад: Не можам да зборувам за себе, ама Влатко е извонреден играч…секако спротивно на Интер во последно време.
Влатко: Сеад не е најдобар, ама нема подобар од него. Му дишам во врат.

8. Кој би бил следен чекор, кон поголема публика, книга, стендап или нешто друго?
Влатко: Книга од секогаш сум сакал да издадам. А за стендап, не без Сеад, Дарјан, Сотир, Мартин… иначе филм ми е идеја што ми се врти долго време.
Сеад: Нема за мене следни чекори, нема план, нема агенда, тука сум, дур ми е интересно. Некоја кариера туркам на други полиња (наука, граѓански активизам и сл.). Социјалните мрежи се прозорец кон еден сопствен свет кој ни е близок и со кој имаме што да си кажеме. За книга размислувам, материјали имам, но изгледа баш мреживе ми црпат енергија да го завршам тоа.

9. Зошто немаш 3 профила како Мелита, не си толку популарен?
Сеад: Па не можам да поминам на вториот оти овој првиот уште не ми е полн. Штом го постигнам тоа ќе го преименувам во полн профил и отворам нов! (промис кросмајхарт).
Влатко: Некои работи секогаш се преценети.

10. Кој ти е најхит твитер таг?
Сеад и Влатко: #Ж без конкуренција 🙂

11. До кога?
Влатко: Уште малку.
Сеад: Само нека потрае.

За награда дека стигна до крај на интервјуто добиваш шанса да одговориш на едно НЕнаградно прашање: