Media & Marketing Blog

Дигитален ЕКО систем

Гледам по западниве култури многу во мода е с`е да биде еколошко и еко и с`е да се гледа низ некоја таква перспектива, па си викам ај да се обидам да го разложам нашиов дигитален еко систем.

Внатре вметнав пет инволвирани страни: Државата, маркетинг агенциите, бизнис сектор, проиведувачите на интернет содржини и секако сите ние т.е. масовната публика.

Во обидот да докажам дека сите елементи (пред се овие кои го формираат кругот) треба да се развиваат паралелно морам еден по еден елементиве да ги презентирам со нивната идеална улога и дел од нивната реална активност.

Без посебна причина започнувам од:1. Државната политика: треба јасно и недвосмислено да постави рамка во која ќе се одвива развојот на дигиталните медиуми (читај пошироко: информациско општество). Меѓу другото тоа подразбира правна регулатива, јасно поставени цели во поглед на тоа што е приоритет што не, потоа создавање позитивна атмосфера за развој преку државните апарати и недвосмислено поттикнување на овој систем. (КИТ)
Има тука уште многу но мислам дека сега за сега е доволно 🙂

2. Интернет содржини: тука пред се мислам на произведувачите (креаторите) на интернет содржини. Значи без оглед на оправданието дека нема финансиска корист од вложувањето во содржни тие треба да инвестираат во нив бидејќи со празни ветувања не може да се создаде атмосфера во која рекламирачите ќе влезат во дигиталните медиуми. Едноставно тие (креаторите на сајтови содржни) треба да бидат свесни за можностите на нивниот медиум и умешни да го продадат истото. А времето кога ќе можат да го сторат тоа многу брзо ќе дојде

3. Маркетинг агенции: Е тука многу боли!! Најголем дел од нашиве агенции немаат ниту сопствена интернет презентација, па затоа од нив и никој не очекува дека ќе се обидат да презентираат онлајн понуда на своите клиенти (MAAM). Но тоа мора да се смени, ако маркетинг агенциите не можат да ги презентираат можностите на дигиталните медиуми, не е фер да се очекува дека самите медиуми ќе успеаат да го направат тоа еден по еден, премногу напор и време би било потребно. И една напомена до маркетинг агенциите: во МК постојат niche интернет страни содржини кои всушност се главната сила за рекламирање во развиениот свет.

4. Рекламирачи (бизнис сектор): Кој им кажал на овие леѓе дека за малку пари можат да го изрекламираат нивниот производ директно до вистинскиот човек?? Значи тие доколку ги знаат добрите и лошите страни и доколку притиснат кај своите рекламни агенции или во своите маркетинг одделенија за стратегија која ќе опфаќа и реклама во дигиталните медиуми тогаш може да се очекува кругов да се врти побрзо. Последниве неколку години во МК доаѓаат готови медиа планови за одредени кампањи кои содржат дел за дигитални медиуми но од претходно спомнатите (точка 3) причини тие не одат таму. А бизнис секторот секако не е тој кој треба најдобро да ја познава оваа сфера па затоа им верува на маркетинг агенциите.

Значи сите овие актери треба паралелно да си ја работат својата работа за да може овој систем да функционира блиску до идеалното. Во спротивно ниту ќе може да се очекува зголемување на интернет содржните, бидејќи нема да носи профит. Нема да може да се очекува поголема публика ако нема содржни, и се разбира ако интернетот е недостапен. Нема да може да се очекува бизнис секторот да вложува во нив ако нема добра стратегија како тоа ќе го направи. ИТН ИТН

Се е во круг, а ние (масовната публика) очигледно остануваме на квадрат бидејќи никој ништо не н`е прашува а најмногу очекува од нас.