Видео паралела

Секое ново истажување на тема онлајн видео се повеќе ја занишува добро утврдената позиција на телевизиите. Веќе одамна не е нова вест дека парите на рекламерите се селат онлајн, но исто така не е новина дека YouTube и неговите помали придружници не стивнуваат. Еден краток поглед на американската публика, во поглед на типови на видео содржини кои ги следат:

Online video

Кога на ова ќе се додаде и сериозноста со која Google е решен да профитира од видео содржината, едноставно само преостанува да почекаме на моментот кога ќе почнат да се вртат наслови од типот „интернетот ја уби телевизијата“. Овии „далечни” прикаски може да не се толку интересни доколку ние не бевме толку тв зависничка нација.

Токму затоа ми се врза паралелата која го поставува прашањето, дали годините кои сме зад глобалниот интернет развој (тука мислам на содржина) ќе се намалат откако видеото ќе земе поголем дел од содржинскиот колач?

Сведоци сме дека YouTube (или видеото општо) локално побрзо се прифаќа од било кој друг нов канал. Муабетот ми е дека се прифаќа од страна на главните производители на содржина. A1 одамна имаат видео, Канал 5 исто така, Сител направија канал на YouTube како и МРТВ и тука може да ги додадеме и најистакнатите YouTube корисници кои навистина направија вистинска мк видео архива.

Значи, прашањето е дали има шанси да скокнеме сè што не успеавме до сега да направиме како што прават другите и да почнеме да правиме големи онлајн редакции кои ќе произведуваат и видео материјали кои ќе им ја донесат славата која недостасуваше кај актуелниве мк online news извори.


Дарко Булдиоски

Дарко Булдиоски е ко-основач на NewMediaMK - Интернет маркетинг агенција и NewMediaCenter. Активно започна да работи во полето на новите медиуми пред 7 години како блогер, продолжи како предавач, консултат и тренер. Дарко слуша тешка музика, игра баскет и се труди да биде најдобар татко.
This entry was posted in Local, Media. Bookmark the permalink.

5 коментари на "Видео паралела"

Коментирај!