Media & Marketing Blog

Блогосфера проговара…ууууу

Колку да го разбиеме стереотипот дека новинарството е „објективно“ и „прецизно“ во пласирањето информации, а блогерите субјективни и релаксирани во однос на прецизноста, еден фуснота-пост на следнава информација циркулирана низ домашните медиуми:

„Што се пет камења фрлени врз грчка амбасада и три скршени ветробрански стакла на коли во споредба со продажба на име што егзистира 25 века? Дали 30 претепани полицајци во Белград и искршен „Мекдоналдс“ може да се мерат со Косово? Изливот на гнев е резултат на политиката на Америка и Европа на Балканот… „. Ова е дел од коментарот на еден блогер (?) поставен деновиве на интернет. Слични ставови имаат и илјадници други блогери (?), кои ги коментираат последните политички случувања во земјава, во кои претежно млади луѓе манифестираа насилство…Дневник, 27.02.08.

Еден блогер е почитуваниот младич под блог псевдоним „Стихивен калибар“ а илјадници блогери веројатно се мисли дека се оние кои коментираа на постот на femgerila Мирен протест веќе не ја гледа Феми“, иако би требале да бидат само неколкумина помеѓу овие. Парафразираниот текст е коментар на STIHOVENKALIBAR на тој пост во троа по-не-сочна варијанта.

PS: Новинарскиот „артикал“ функционира на повеќе нивоа, и може да се толкува вака и онака, мене лично ми е индикативно да се става во ист контекст насилство и блогери, иако самиот пост на femgerila е напишан сосема во спротивен правец, но покрај хартијата изгледа дека и тастатурата трпи сè .

4 коментари на “Блогосфера проговара…ууууу”

  1. Anonymous

    Дарко, се ОК, но… Кога еден блогер критикува други блогери тогаш тоа е дебата, а кога медиум критикува блогери тогаш е генерализација?

  2. darko156

    Не бе Јован, ова се само малку повеќе детали за практиката на непотребно воопштување кое секојдневно гоправат медиумите.

    Поради, веројатно, општата тенденција на воопштување и криење на изворите веројатно и таму каде може да се пише нешто конкретно, се заборава.

    Башка, на Стиховен Калибар има и име и презиме и еден куп можности за директен контакт со кои би можела да се провери веродостојноста на тие подтоци.

  3. Baju Bayi

    Wow, marvelous blog layout! How long have you been blogging for? you made blogging look easy. The overall look of your site is wonderful, let alone the content!. Thanks For Your article about Блогосфера проговара…ууууу | К О Ðœ У Н И К А Ц И И .

Коментарите се затворени.