Media & Marketing Blog

Видео паралела

Секое ново истажување на тема онлајн видео се повеќе ја занишува добро утврдената позиција на телевизиите. Веќе одамна не е нова вест дека парите на рекламерите се селат онлајн, но исто така не е новина дека YouTube и неговите помали придружници не стивнуваат. Еден краток поглед на американската публика, во поглед на типови на видео содржини кои ги следат:

Online video

Кога на ова ќе се додаде и сериозноста со која Google е решен да профитира од видео содржината, едноставно само преостанува да почекаме на моментот кога ќе почнат да се вртат наслови од типот „интернетот ја уби телевизијата“. Овии „далечни” прикаски може да не се толку интересни доколку ние не бевме толку тв зависничка нација.

Токму затоа ми се врза паралелата која го поставува прашањето, дали годините кои сме зад глобалниот интернет развој (тука мислам на содржина) ќе се намалат откако видеото ќе земе поголем дел од содржинскиот колач?

Сведоци сме дека YouTube (или видеото општо) локално побрзо се прифаќа од било кој друг нов канал. Муабетот ми е дека се прифаќа од страна на главните производители на содржина. A1 одамна имаат видео, Канал 5 исто така, Сител направија канал на YouTube како и МРТВ и тука може да ги додадеме и најистакнатите YouTube корисници кои навистина направија вистинска мк видео архива.

Значи, прашањето е дали има шанси да скокнеме сè што не успеавме до сега да направиме како што прават другите и да почнеме да правиме големи онлајн редакции кои ќе произведуваат и видео материјали кои ќе им ја донесат славата која недостасуваше кај актуелниве мк online news извори.

5 коментари на “Видео паралела”

  1. GoodBytes

    1. Многу занимлив график. Иако пропорциите според содржините веројатно ќе се менуваат со времето, интересно е да се знае генералниот интерес на интернет публиката.

    2. За вториот дел, ќе си дадам слобода малку да не се согласам со прогнозите. Имено, Интернет нема да ја убие телевизијата, туку ќе ја прошири. Поконкретно, иднината на телевизиите е да дистрибуираат содржини преку Интернет, како дополнение на досегашните: етер, сателит и кабелска мрежа. Тоа ќе им овозможи да решат илјадници мали технички проблеми поврзани со дигиталната high definition тeхнологија, но и што е уште поважно, полесно ќе станат достапни до секој крај од Земјата (под логична претпоставка дека Интернет ќе доживее поголема експанзија од сателитската мрежа).

    Па така, некој во Јужна Кореа ќе може да си гледа А1 или Сител, ако тоа го интересира. Тоа отприлика се совпаѓа и со прогнозите на Беличанец за трансформацијата на традиционалните медиуми, односно барем јас така го разбрав неговото мислење.

    Видео контент продусери и телевизии, почнете да си ги резервирате вашите „.tv“ домеини.

  2. Darko Buldioski

    Не е дека не се согласуваш со мене Губајтс, туку јас намерно наопачки ја свртив работата за да извлечам реакција.

    Апсолутно дека телевизиите ќе бидат главните креатори на содржина и дека само ќе се прошират.

    Ни од далеку не сум почитувач на таа прикаска со убивањето, а и зошто би бил кога многупати до сега се покажала како неточна осбено од аспект на медиумска теорија.

    Се е тоа во домен на маркетинг на новото, па баш како такво го искористив и јас 🙂

  3. Та4ка

    Многу и фали на оваа наша држава интернет писменост. Многу работи би се смениле ако се појават и работи од стилот на ад-сенсе за македонија, paypall, ebay купување …

    Сметам дека само овие 3 сервиси можат многу да допринесат за македонија и народот воопшто(ко политичар звучам 🙂 ).

  4. GoodBytes

    Та4ка, еве што фали за трите сервиси:

    1. AdSense: ако има многу македонски компании кои ќе се рекламираат на овој сервис, тогаш ќе има многу клучни зборови на македонска кирилица, а со самото тоа и повеќе заработка од сајтовите кои се на Македонски јазик.

    2. PayPal: правна држава.

    3. eBay: правна држава + кредитна картичка која НАВИСТИНА работи со странство. Царина не се наплаќа за нарачки до 50 евра.

  5. J.M.M.M.

    eBay i PayPal se veke kaj nas preku kreditnite/debitnite karticki na oderedeni banki

    eBay и PayPal веке се кај нас, преку кредитните/дебитните картички на одредени банки кои работат со странство. пр. НЛБ Тутунска, само фали правна дрзава, но и тоа се заобиколува.

Коментарите се затворени.