Media & Marketing Blog

Зошто би се продавале весниците?

Почнувам да го пишувам постов во 23:00 (28.02). Ова го најдов на интернет:

Шпиц онлајн насловна (28.02.2008)

Шпиц – 28.02.2008 / 23:00

Време онлајн насловна (28.02.2008)

Време – 28.02.2008 / 23:00

Вест онлајн насловна (28.02.2008)

Време – 28.02.2008 / 23:00

Дневник онлајн насловна (28.02.2008)

Дневник – 28.02.2008 / 23:00

Утрински Весник онлајн насловна (28.02.2008)

Утрински Весник – 28.02.2008 / 23:00

Вечер онлајн насловна (28.02.2008)

Вечер – 28.02.2008 / 23:00

Помина повеќе од 24 часа од почетокот и крајот на вчерашниот собир на плоштадот Пела во Скопје. А на ниту еден сајт не се појави ниту една фотографија, ниту една вест, ниту еден ред на таа тема. Цела јавност 24 часа се опива со телевизиски вести и сл. А ниту еден весник не се потруди да се соочи со предзвикот на својата „стара” технологија и да ја погледне кон новата како на шанса за посегнување кон својата и онака опѓачка публика.

Не сум излегол да ги видам утрешните весници, ама гарантирам дека внатре неам повеќе од извештај со некој ситен уреднички коментар. Извештаите можат комотно да одат на сајт, и онака веќе сите ги знаат до сега. Вистинските „длабоки” информации можат да се најават онлајн и да излезат утре (читај вечерва) во печатените изданија. И како некој среќен епилог, читателите би имале причина да купат утре весник.

После ќе се чудиме зошто телевизиите се далеку подоминантни и помоќни.

Или зошто остатокот од светот нема да не сака, а притоа за нас дознава од нашите соседи ( . . . ) ама ова е друга тема.

5 коментари на “Зошто би се продавале весниците?”

  1. Археоблог

    Да, навистина зошто би се продавале неинвентивни и стерилни весници кога се што луѓето сакаат (барем во овој случај со протестот) дознаваат од блоговите. А веб страниците на весниците нека им служат се уште за архива на и онака досадните и застарени информации кога веќе немаат капацитет да ги употребат за нешто поинвентивно со што би ја привлекле интернет публиката, а со тоа би си обезбедиле и поголема продажба на своите печатени изданија.

    Иначе ја не купувам весници откако започна 21 век. Онака, чисто од респект кон хартијата. 🙂

  2. Глиша

    Се заебаваш? 🙂

    Утрински скринштот види го, десно под Тоше.

    Web Special рубриката.

    Кога беа во Србија протестите првпат го приметив web special, сега почесто одам кога има некој битен настан пошто го ажурираат независно од печатеното издание.

    Се надевам дека тоа им е пилот и дека ќе прават екслузивно веб содржини почесто.

  3. Darko Buldioski

    Да Глиша, има такво нешто. Знам, се знам со дечкото одговорен за онлајн изданието.

    И тука има цела приказна како позадина. Човекот, и тие сличните како него заслужуваат пофалба пред се поради истрајноста во средината во која го прават тоа.

Коментарите се затворени.