Алатки, сервиси, линкови и разни други тракатанци

Денес бев гостин на еден дел од предавањата во рамките на предметот Методологија на постдипломските студии на Њујорк Универзитетот. Споделив искуство и по некоја препорака за интенертот како алатка за истражување и интернетот како предмет на истражување.

Се изнапокажав доста линкови и им ветив на постдипломците дека ќе ги споделам тука. Си помислив, може ќе му се најдат и на некој друг :). Па со таа цел еве линкооооови:

Алатки за прибирање на информации:

SurveyMonkey – алатка за креирање на прашалници за истражувања или анкети
eSurveysPro – иста таква аатка, со доста доби опции, неа ја користам веќе некое време
Versionista – не сум ја прбал, алатка за следење на промените на веб страници
Js-Kit – повеќе алатки за комуникација со посетители, дава код за вградување на сопствен сајт
Askpeople – едноствни истражувања и комуникација со посетители, сопствена инсталација
Twtpoll – не може без twitter :), едноставна алтка за анкети дистрибуирани преку twitter

Алатки за презентација на резултати:

Flare – (навидум) импресивна десктоп алатка за визуелизација и анимација на резултати, базирана на флеш, не сум ја расчепкал, тазе ми е откриена
ManyEyes – Развиена од IBM нуди голам број на можности за претставување на внесени бази на податоци
Wordle – неодминлив е :) одличен графички приказ на семантички облаци, има финта како да се експортира и векторски ;)

Алатки за статистика по метод на (не)репрезентативен примерок

Alexa – со (не)репрезентативен примерок
Compete
– малку релевантен за МК

Во текот на презентациајта беа спомнати уште овие работи:

Twitter-friends – одлична алатка за анализа на комуникацијата на корисниците на twitter
Blogosphere in Macedonia – мојата кратка презентација од истражувањата кои го направив минатата година
Семантички облак на преименувањетo
– Истражувањето на Центарот за нови медиуми

Ако заборавив нешто, потсетете ме (ова за тие што беа таму) за другите, ако има да се додаде некоја корисна алатка слободно  пишете ја во коментар. Знам дека има еден куп, па би претпочитал некоја лична препорака. Фала :)


About Дарко Булдиоски

Дарко Булдиоски е ко-основач на NewMediaMK - Интернет маркетинг агенција и NewMediaCenter. Активно започна да работи во полето на новите медиуми пред 7 години како блогер, продолжи како предавач, консултат и тренер. Дарко слуша тека музика, игра баскет и се труди да биде најдобар татко.
This entry was posted in marketing, technology. Bookmark the permalink.

5 коментари на "Алатки, сервиси, линкови и разни други тракатанци"

Коментирај!