Media & Marketing Blog

Ние, децата на интернетот

Неверојатно добар текст чиј автор е Piotr Czerski (@piotrczerski) писател и колумнист од Полска. Текстот го најдов на on.net со превод на македонски и веднаш потоа разгледав наоколу да ги најдам реакциите и патот по кој тој се ширел.

Текстот оригинално е објавен во дневен полски весник на 11 февруари за потоа полека но сигурно да си добие преводи на повеќе јазици и да биде споделуван од голем број на блогови, познати (интернет) автори па дури и да си добие своја видео верзија.

Текстов мора да го прочиташ, а во продолжение јас ќе издвојам 2-3 дека кои мене посебно ми се допаднаа:

Ние пораснавме со интернетот и на интернет. Тоа нè прави поинакви; тоа прави клучна, изненадувачка разлика: ние не “сурфаме”, и за нас интернетот не е “место” или “вирутелен простор”. Нам нетот не ни е нешто поинакво од реалноста, туку тој е дел од неа: невидлив, но постојано присутен слој вмрежен со физичко опкружување. Ние не користиме интернет, ние живееме со него и покрај него.

Научивме дека наместо само 1 одговор постојат многу различни одговори. Научивме како од сите тие одговори да ја изградиме најверојатната верзија и да ги отфрлиме оние кои ни изгледаат неуверливо. Ние бираме, ние филтрираме, и ние сме спремни да ја замениме научената информација со нова и подобра, и тоа во истиот момент кога таа ќе се појави.

Подготвени сме да платиме, но огромната дистрибутерска провизија ни се чини претерана. Зошто да плаќаме за дистрибуција на информација кога таа може лесно и совршено да се копира без каков било губиток во однос на оригиналниот квалитет? Ако добиеме информација, сакаме цената да биде во сразмер со таа информација. Спремни сме и да платиме повеќе, но тогаш очекуваме да добиеме нешто повеќе: интересно пакување, корисен уред, подобар квалитет, можност да ја добиеме овде и сега, без чекање.

Целиот текст: Ние, децата на интернетот