Политика и медиуми

Сеад посочува на еден текст објавен во Утрински кој многу ми се бендиса, и почувствував потреба да го искориста за да прокоментирам во 3 точки.

Вовед: Владата во рекламен транс купува доверба од медиумитеУтрински Весник. Веќенеколку пати во Утрински се појавуваат текстови на слична тематика и со сличен субјективен тон, иако не се предалеку од објективноста, според мене :) Да одам со ред.

1. Едноставно не мораше да се трошат толку многу пари на толку јавни места: медиуми. Сите тие кампањи и реклами кои им бодат очи на луѓето можеше да бидат инвестиција во некои добро потковани странски „спин доктори” кои ќе завршеа слична работа без многу галама, и плус можеа да ги научат локалниве „спин докторчиња” по некој трик повеќе.

2. Светов одамна има медиа компании, концерни и слични „масовни” групирања на масовни медиуми. Само МК сé уште има закон кој не дозволува сопствеништво на печатен и електронски медиум одеднаш. А што ако еден ден ВАЦ или Велија (во ликот сопственик на Време и Шпиц) решат да инвестираат во онлајн вестите и да направат мултимедијални презентации, и по примерот на остатокот од светот да произведуваат видое и аудио материјал за на своите интернет сајтови? Како тогаш законот се спроведува? А воопшто интернетот што е? Електронски медиум или…? Зар не се сопствениците на печатените медиуми сопственици и на домените на кои се објавени истите тие вести? Или, и тука Велија има некоја своја реинкарнација? Законот е чиста глупава заоставштина од некое време и треба да се преиспита неговата логика на постоење.

3. Интересно, како на два пати читам сличен текст во Утрински на оваа тема и на два пати за релативно кратко време текстот им релативно многу коментари. Браво за Утрински и за сите кои коментираат.

Патем едно од сликчињата десно на блогов вика дека ние сме hard blogging scientists. Во моментов спроведувам едно мало истражување (за моите академски потреби) на тема медиуми и политика, поконкретно државата како извор на информации, па затоа најавувам, штом дојдам до некој пристоен број на податоци ќе ги споделам тука на блогов.

Technorati Tags: , , , , , , , , , , , , .


About Дарко Булдиоски

Дарко Булдиоски е ко-основач на NewMediaMK - Интернет маркетинг агенција и NewMediaCenter. Активно започна да работи во полето на новите медиуми пред 7 години како блогер, продолжи како предавач, консултат и тренер. Дарко слуша тека музика, игра баскет и се труди да биде најдобар татко.
This entry was posted in Media. Bookmark the permalink.

5 коментари на "Политика и медиуми"

Коментирај!