Морална паника, Made in MK

Не ми се верува дека го пишувам ова што го читате, но многу ми се виде на место саботниот текст на господинот главен уредник на „Вест“ (точка 3) кој се однесува на „видео секс-скандалот“ Made in Bitola. Да го имаше во него и терминот, морална паника, кој, по мене, е прилично важен веројатно и немаше да го пишувам овој пост. Елем, како и да земете, дволичноста на медиумите нема крај:

Прв со веста излезе „ТВ-Канал 5“, која наредниот ден се пофали дека оваа вест била најчитана вест на нивниот сајт (би додал прилично најчитана, оваа „вест“ е прочитана некои 2000 и кусур пати, додека другите се отворени по некои дребни 20-тина пати во просек), но веднаш потоа во истото издание водитеклата го „спин-уваше“ ова фалбаџиство изјавувајќи декаUncle Sam „редакцијата не ја објавува веста заради публицитет, туку заради зачувување на моралните вредности“ (sic!).

Е, тука е проблемот, заштита на моралните вредности. А каде е спомнатата дволичност? Па ако истите тие телевизии и весници прават сензации од секој видео клип што ќе се појави, тие, во најмала мера, можат да се прогласат за соучесници во ширењето на клиповите. Формулата за затскривање на ова е, на пример според овој текст во Време, пласирање на две-три сентенци од типот „масовно се разменуваат помеѓу…“, а всушност масовноста за разменување и дистрибуција на клиповивите почнува тогаш кога самиот медиум ќе го пласира ова во јавноста. Вториот чекор е сондажи на мал милион „с-експерти“ и педагози со кои медиумите се „згрозуваат“ од тоа за што „само известуваат“. И двата примера се од „Време“ но речиси се универзални за локалните медиуми. Но, за што впрочем се виновни медиумите? Кај се тука професорите, родителите, средината и другите фактори?

Значи покрај неспорната одговорност на сите од нив редум, медиумите имаат своја специфична улога без која ваквите „настани“ не би биле можни. Значи, не помалку битна работа е што самите медиуми ги предусловуваат и наведуваат „актериве во клиповите“ да се однесуваат така.Како? Да речеме ако средношколецот го отвори „Вест“ (што татко му го ставил на маса откако се вратил од работа) на линкуваниот господин и оп ја види тетката од средна страна на „Вест“ прво што ќе му падне на ум е секако дај и ја да го зграпчам денов, а дали тоа ќе го документира со најновиот мобилен, свој или на другар му, кој истиот медиум ги рекламира во супер мазните додатоци на спонзорите е прашање на расположение и разбивање на монотонија. А далеку од селективната достапност на порнографските содржини на медиумите и интернет е и онака надмината и апсолвирана работа.

Друг вид на медиумско наведување се оние, по мене, мега-скандалозни детски емисии, во кои „кул“-водителите кутриве дечиња од 4, 5, или дури и 6, години ги прашуваат „имаш девојка/дечко“, па овие усрамени од прашањево си викаат што ли не е во ред со мене, па немам девојка на дури 5 години или сл. За кореографијата на учесниците од типот на Бритни Спирс и слично, не сакам ни да коментирам.

Сума сумарум, во комплекснава проблематика, во која според текстов во „Време“ се бараат и виновници и решенија и се иницираат идеи за нови предмети во улилиштата („граѓанско образование“), медиумите колку и да според овој вчерашен пример на сајтот на А1 се практично во лов на тие што ги прекршуваат ваквите норми и ги демнат насекаде, треба да се повтори дека самите медиуми се далеку од бранители на моралноста колку интервјуа со педагози и социолози да направат или да ги осудат настаните како што инсистира „Дневник“ во овој текст. Симулирањето на бранители на моралноста е дел од играта која ја затскрива нивната потреба од општество кое изобилува со неморал и скандали и кои тие системски (директно или пак индиректно) ги потикнуваат. А некаде тивко во сенка, големите играчи си ги пребројуваат парите и се смешкаат на играва која им оди во прилог. Што би рекле нашиве депутати, „да не беше смешно, ќе беше трагично“ :)


This entry was posted in academic, Media, Mobile, technology. Bookmark the permalink.

2 коментари на "Морална паника, Made in MK"

Коментирај!