Коментари, анкети и слично

Пред некоја вечер по кој знае пат на една од странските телевизии (а кај повеќето е така) бев сведок како во рамките на ударната вест (во овој случај рекордната цена на нафтата) наместо анкета, како составен дел од прилогот, беа прочитани неколку коментари од веб-сајтот на телевизијата на која е објавена таа вест. Извонредно звучеше, фин, срочен, обмислен глас на гледачот, глас на јавноста.

Кај нашите телевизии не можев да најдам пример во рамките на прилозите за вестите, на сајтовите да можат да се оставаат коментари, иако повеќето дневни весници (Утрински, Дневник, Вечер..) имаат таква опција и мислам дека е одличен форум за читателите. Не знам зошто домашните телевизии се  конзервативни во тој поглед, па барем за ова не требаат инвестициони фондови и обуки од ЕУ и слично. Би било фина алтернатива или дополнителна опција на анкетата, а башка и помалку чини, те.е. не чини ништо.


sead93

Сеад е магистер по комуникации кој проучувањата во комуникациската наука ги фокусира на популарната култура, новите медиуми и пропагандата. Издал две книги збирки културолошки есеи (двете во 2002) и редица текстови во неколку списанија во земјата и надвор од неа (Lettre International, Наше писмо, Блесок, Културен живот, Разгледи, Balcanis…). Со својата смисла за хумор, неуморно „им го прави денот” на голем број интернет корисници.
This entry was posted in Local, Media. Bookmark the permalink.

2 коментари на "Коментари, анкети и слично"

Коментирај!