Media & Marketing Blog

YokTube

Денес на конференцијата, имаше една презентација за членот 301 од законикот во Турција со кој се забранува слобода на говор т.е. навредување на Турската култура.

Мотивирани од оваа презентација и директно инспирирани од дел од тамошната дискусија, авторите на овој блог решија со неколку дена закаснување да ја проследат веста за блокирањето на YouTube.com во Турција.

YokTube - YouTube

Имено, тие врз основа на овој но и на друг закон кој има улога да го брани ликот и делото на Кемал Ататурк пред некој ден го забраниле пристапот низ целаТурција до сите страни и содржини на YouTube.

Причината се видео клипови кои го прикажувале Кемал како хомосексуалец. Ова всушност бил исходот од подолгата онлајн војна меѓу Турците и Грците.

The offending videos sparked a storm of complaints to YouTube and the clips were removed, but the court order goes further, blocking all access to the site. …BBC

Поука: ако сакате некој сајт да не е достапен во Турција, започнете масовно да објавувате навредлива содржина на сметка на Кемал.

3 коментари на “YokTube”

Коментарите се затворени.