Ѓокица Зафировски, „виновникот” за првиот подкаст во МК, се јавува како техничка логистика за еден нов подкаст на македонски јазик.
Гроздановиот Подкаст – е всушност подкаст на Гроздан Попов, новинар на првата генерација журналисти на НИП/от примена во Нова Македонија по пат на јавен конкурс во 1960 година. Судејќи по неговиот животен пат човеков има што да каже. Првата епизода е веќе достапна. Во неа Гроздан гласно размислува за посетата на Холандската Кралица во Турција, ќе ви каже како тој лично ја доживува Церемонијата за Оскарите и за крај малку си ја чеша главата околу Веб Два Точка Нула.
Се разбира доколку не знаете што и како на тема подкаст, одличен краток и практичен вовед на македонски има на Гроздановиот Подкаст, а повеќе детали погледнете на овој блог во секцијата Your Guide.
Патем ова е блогот на Гроздан, кој постои од ноември 2005: Of Ideas and People




Од волан 30 May, 2007 - 9:07 am
ГРОЗДАНОВИОТ ПОДКАСТ – Podcast…
Најпрвин да разјасниме што е тоа “подкаст“ … A podcast is a digital media file, or a series of such files, that is distributed over the Internet using syndication feeds for playback on portable media p…
Од Отворена дискусија: Интернет апликации - развој, маркетинг и промоција | К О М У Н И К А Ц И И 19 December, 2008 - 8:06 pm
[...] кои го организираат. Всушност инцијативата тргна од Ѓокица кој пред неколку недели ми прати меил со желба да [...]