Школа за односи со јавноста

Киснете на работа, не се прибирате дома, постојано се трудите да напредувате во својата работа. И тоа не ви е доволно, сакате и попладне да одите нешто паметно да научите?

Или добро, еве и друго сценарио: Од секогаш сте сакале да се остручите во некоја работа и да бидете вистински професионалец кој знае да комуницира во секоја прилика и да ја претставува својата или работата на организацијата.

Или накратко, сценарио три: Сакате новинарите да ве слушаат :)

Еве едно можно решение. Школа за односи со јавноста, во организација на НВО Инфоцентарот и Амвон комуникации. Еден месец, три пати на ден неделно, и тоа попладне. Добитна комбинација.

Pr-skolaПредавачи на школата се искусни и креативни експерти за односи со јавноста, новинари, психолози, истражувачи и аналитичари. Школата е наменета за претставници на граѓански здруженија и фондации, домашни и странски инстуции, јавна администрација и бизнис сектор. …НВО Инфоцентар

Разгледајте ја убаво програмата, изгледа интересно.

Technorati Tags: , , , , , , , , .


Дарко Булдиоски

Дарко Булдиоски е ко-основач на NewMediaMK - Интернет маркетинг агенција и NewMediaCenter. Активно започна да работи во полето на новите медиуми пред 7 години како блогер, продолжи како предавач, консултат и тренер. Дарко слуша тешка музика, игра баскет и се труди да биде најдобар татко.
This entry was posted in PR. Bookmark the permalink.

1 коментар на "Школа за односи со јавноста"

Коментирај!