Media & Marketing Blog

[видео] Како да организирате настан заедно со заедницата

На 25 февруари бев дел од првата Engage конференција за социјални медиуми и активизам организирана од РадиоМОФ. Бидејќи пред неколку години имав позитивни реакции кога го споделив искуството на тема: Како се организира успешен web 2.0 настан повторно се решив да споделам искуство но овој пат темата имаше малку поразличен агол: Како да организирате настан заедно со заедницата. Во прилог се видео записот и слајдовите од презентацијата.



Engage се покажа како одличен настан кој во иднина ќе може да се користи во некоја слична презентација. Искрено се надевам дека и понатаму како пример ќе им служи Share Conference и организаторите брзо ќе го развиваат настанот.