Media & Marketing Blog

Блогосферата порасна, сега е возрасна

Развојот на македонската блогосфера влегува во нова фаза… сублимат кај .аНТИ

Мој придонес:
За релативно кртко време МБЗ зачекори во поразвиени фази, фази кои за некои луѓе можеби беа неочекувани но за некои беа логичен развој. Сега веќе не` има многу, не има на различни сервиси, не има на различни теми со различни намери. И ТОА Е МНОГУ ДОБРО, барем мене така ми се гледа.

Изминативе неколку денови некои од блогериве го почувствуваа тоа како некој вид на закана и се обидуваа да ги научат останатите блогери како да си го уредуваат својот блог. ТОТАЛНО ПОГРЕШНО барем мене така ми се гледа. Дел од нив немаат ниту свој блог, дел од нив се многу тазе на сценава, во секој случај без разлика на статусот или ставот мислам дека е непотребно организирано некој да се обидува да ги научи другите во нешто што е толку отворено и адаптибилно како блог.

Моја прогноза:
Можеби прогноза и не е вистинскиот збор, можеби и јас тука ќе се обидам да влијаам, ама првичната намера не ми е таа 🙂
Очекувам дека една од следните фази во развојов на сценава ќе биде
* осамостојување од блог сервисите,
* регистрирање на сопствени домени,
* креирање на тотално независни блогови кои ќе се стремат кон нешто посериозно,
* дополнително сегментирање (по интереси, роднински врски итн) на блогерите (т.е. блоговите)
и наверојатно уште еден куп други ситни работи кои сега не ми текнуваат.

Во секој случај блогосферава се равива и тоа убаво, а тоа ми се допаѓа.

2 коментари на “Блогосферата порасна, сега е возрасна”

  1. Shepard

    и ја се изненадувам како пркнува.

    па сигурно има едно 20 блогови, А-класа. сметајќи се тука и сам себе 🙂

    поздрав.

  2. волан

    БЛОГЕРИ vs. МК НОВИНАРИ…

    Секаде во светот на Блогосферата најдобри блогери се Новинарите … Кај нас јавно се знае дека само .анти – е успешен блогер и новинар … Доб…

Коментарите се затворени.