Media & Marketing Blog

За да се спасат медиумите, треба да се подобри новинарството

Веќе неколку години наназад постојано се зборува за изумирање и пропаѓање на традиционалниве медиуми. Во повеќе наврати сум пишал дека јас сум од другиот табор, од оптимистите. И проблемот не го гледам во новите медиуми и нивната доминација туку во незграпните чекори кои ги прават овие постариве.

Сега на интернет има многу информации за беспари, но не се имаат сите откажано од плаќање за добра информација. Со таа разлика што сега добра информација е многу повеќе од она што некогаш беше добра информација (замени го зборот информација со новинарство, пак функционира).

Е добро де, пишав вовед за да спојам два поста на чичко Giner, кого одамна го немало на блогов. Првиот пост JOURNALISM: ‘YOU GET WHAT YOU PAY FOR’ го цитира Stephen Hume и вели:

“The Old Media are the New Media.
No matter what package journalism comes in, it is the content that is important, and someone will have to pay to provide it.”

What we need is not old- or new-media fights but better journalism.

Again:Our core business is not printing. It’s journalism.

And sorry, but journalism is not cheap.

Вториот се всушност 4 постери на Pedro Monteiro на оваа тема: