Од неодамна на сајтот на „Блиц“ има посебно катче за добри и позитивни вести, веројатно како реакција на (пре)доминантото присуство на црни хроники, скандали и слични тракатанции низ денешните медиуми.
И не е само одвоен посебен простор, ами е ставен и на истакнато место :)

Идејата е секако за поздравување или што би рекол Борат „Nice“
sead93
Сеад е магистер по комуникации кој проучувањата во комуникациската наука ги фокусира на популарната култура, новите медиуми и пропагандата. Издал две книги збирки културолошки есеи (двете во 2002) и редица текстови во неколку списанија во земјата и надвор од неа (Lettre International, Наше писмо, Блесок, Културен живот, Разгледи, Balcanis…). Со својата смисла за хумор, неуморно „им го прави денот” на голем број интернет корисници.