Media & Marketing Blog

Новинари може, блогери надвор

Во поснава медиумска сфера во однос на разноликоста на вестите, налетав на интересен настан врзан со третманот на блогерите, овој пат во САД во рамките на нивната професионална кошаркарска лига (НБА). Газдата на еден од поуспешните тимови од оваа лига, Dallas Mavericks, Марк Кјубан (Marc Cuban) пред некој ден донел одлука да не им дозволува влез на блогерите од локалниот весник, Dallas Morning News, во соблекувалната на тимот, пред и по натпреварите, кога вообичаено се правата најголемиот дел од интервјуата со играчите и се прибираат изјави за натпреварите.

Веројатно приказната би била една од оние досадните за суети, лична нетрпеливост или кој знае што, и сосема неинтересна, да не беше самиот газда еден од најпознатите блогери во САД, воопшто земено, а особено во рамките на блогерите во овој спорт:

Dallas Mavericks owner Mark Cuban has instituted a new policy banning full-time bloggers from the team’s locker room, drawing an official protest from The Dallas Morning News, which employs the only writer so far banned. In an e-mail sent to Cuban on Monday, Bob Yates, deputy managing editor/sports of The Morning News, wrote that the policy “is a veiled attempt at retribution” against Morning News reporter Tim MacMahon, who has been blogging about the Mavericks since 2006.

Чисто од енциклопедиски аспект земено, „full time blogger(s)“ се оние блогери кои работат за пари (т.н. „професионални блогери“), и обично го прават тоа во закрила на некој медиум, како што е тоа и овде случај (n.b. јас не сум запознает дека во Македонија има некој „full time“ блогер).

Еве го и ставот на чичко Кјубан на неговиот блог:

Right now we have a situation where a blogger that works for the Dallas Morning News would like continued access to the locker room…not because I don’t want this blogger in the locker room doing interviews. What I didn’t like was that the Morning News was getting a competitive advantage simply because they were the Dallas Morning News. I am of the opinion that a blogger for one of the local newspapers is no better or worse than the blogger from the local high school, from the local huge Mavs fan, from an out of town blogger. I want to treat them all the same.

Не сум уште убеден дека не се работи за некоја лична расправија, но самиот случај отвора интересни дилеми и потенцијално внесува одредена шизма во блогерската сфера (професионалци vs аматери, условно кажано), или пак можеби ги става нештата во вистинска рамка, т.е. блогерите за пари се суштински различни од оние кои тоа го прават „на своја рака“, за сопствени цели и слично.

Приказната горе-долу се заокружува со ова отворено писмо на колегите блогери од Лос Анџелес, кои мислат дека се работи за обична цензура бидејќи блогерот пред тоа го критикувал тренерот на тимот, па со ова и втората овдешна поента, блогер-не блогер тие со пари секогаш ќе најдат начин да те изцензурираат, ако тоа го проценат за потребно.

3 коментари на “Новинари може, блогери надвор”

  1. Волан

    Уште еден пример дека новинарите у школо ги учат да лажат … а башка кога ке ги фатат да лажат не признаваат …

  2. Археоблог

    За темава може надолго и нашироко да се зборува бидејќи е интересна од повеќе апекти, но ние немаме стигнато ни до првиот ,,тајм аут" за да можеме да дебатираме со паралелни аргументи. 😉

    Блогирањето за пари си носи свои предности, како и ограничувања, што е сосема нормално. Сепак уловите ги прави оној кој плаќа.

    За разлика од нас, луѓето надвор од Македонија не се кријат кога треба да се изјаснат за одредена работа за која сметаат дека се во право, сеедно дали е тоа за или без пари. Работата е во тоа што овдека ретко кој има да каже свој став или мислење без да се скрие зад својата функција или титула.

    Уствари кога ќе размислам, да имал став до сега би бил блогер. 🙂

  3. sead93

    Интересен е самиот факт што кај нас, според некое мое мислење, прилично е развиена оваа „самопоттикната“ блогосфера, но нема ниту помен за следната фаза (по линијата на развој кај другите средини), т.е појавата на професионалните блогери. Не дека е тоа некој СФ, во сите околни земји има едно чудо блогери кои работат за медиумите или самостојно.

Коментарите се затворени.