Вечер, Alexa.com и новинарската гордост

Вечер објавува дека нивниот сајт е најчитаниот македонси медиум на интернет. И, нормално влегува во неколку замки, кои веројатно, заради популарност на самиот текст и возвишување на нивните дострели се испуштени.

Прво. Веродостојноста на податоците кои ги дава сервисот Alexa.com. Сите оние кои барем еднаш се соочиле со овие бројки дознале дека во нивниот систем на броење нешто не е како што треба.

За да не набројувам сега детали, ќе спомнам само дека тој брои врз основа на неговите тулбари кои се инсталираат на браузерите, завртете се наоколу и погледнете кој има инсталирано. За понатаму еве одберете некој од следниве постови, кои беа мој случаен google избор:

Jason Calcanis: Alexa is 100% wrong and you can game it with as few as three machines–or so I’ve been told.
DoshDosh:
20 Quick Ways to Increase Your Alexa Rank
Make you go hmm: Stop using Alexa for serious traffic analysis

Второ: Вечер ставил листа на „15 најчитани интернет сајтови во Македонија” а притоа мисли на 15 најчитани македонски сајтови бидејќи според истиот тој извор најчитани топ 5 сајтови во МК се Google, HI5, Yahoo, YouTube и Windows Live.

Тртето: Направиле листа со следниов наслов: „Кои медиуми најмногу се читаат на интернет” а веројатно мислеле на сајтовите на традиционални медиуми бидејќи не знам како така преку ноќ пресудиле дека останатите интернет сајтови не се медиуми? Особено, како ладнокрво ги исклучиле информативните и забавни портали.

И за крај еве го мотивот на целиов текст, свиткан у двата последни пасоси од нивниот текст:

Ги објавуваме податоците од светската агенција alexa.com. Во неа се наведени бројки и факти. За жал, ќе се види дека многумина лажно ја претставувале својата величина на пазарот. Бројките се тие што се, мерени од светски, стручни и независни агенции.

Весниците како Време и Шпиц на графиконот на успех се на дното, или што би рекол нашиот систем-администратор, Време и Шпиц на графиконот се тиња! Најпосле, кој колку работел, толку и добил.

И еве ја вистината според Alexa.com

Забелешка: Постов непосредно по објавувањето претпи мали козметички корекции


About Дарко Булдиоски

Дарко Булдиоски е ко-основач на NewMediaMK - Интернет маркетинг агенција и NewMediaCenter. Активно започна да работи во полето на новите медиуми пред 7 години како блогер, продолжи како предавач, консултат и тренер. Дарко слуша тешка музика, игра баскет и се труди да биде најдобар татко.
This entry was posted in local, Media, online. Bookmark the permalink.

8 коментари на "Вечер, Alexa.com и новинарската гордост"

Коментирај!