Media & Marketing Blog

Блог листа на НВО Инфоцентар

Додека јас соберам сили да пишам, .аНТИ веќе постираше.

Значи, од неодамна на сајтот на НВО Инфоцентар во делот на адресарот може да се најде и листа на МК блогови. Заслугата ќе си ја препишам себе а и сите понатамошни дополнувања, корекции и слично можете да им ги пишувате мен, бидејќи така се договорив со луѓето од НВО Инфоцентар кој морам да ги пофалам дека на мојот предлог доста брзо и позитивно реагираа.

Идета беше едноставна, таму има листа на медиуми со која се служат голем дел од НВО секторот, па зашто да не се обидат да ги информираат и блогерите за нивните активности или да почнат да ги следат и нив.

8 коментари на “Блог листа на НВО Инфоцентар”

  1. Волан

    Одлична работа си направил …

    Додај го овој блог

    Интернет Македонија
    http://internetmk.blog.com.mk/
    * подобар, попристапен интернет за сите граѓани на Македонија;

    * решавање на проблемите и заштита на правата на интернет корисниците;

    * поголема интернет пенетрација, и

    * промовирање на можности за продуктивна употреба на интернет.

  2. ХулаХопа

    шо треа да напраи еден пингвин за да се закачи на тој сајт?

    😉

  3. волан

    БЛОГ ПРИЈАТЕЛ – виртуелен секс…

    Што е за мене “Блог пријател“ ??Блог пријател е секој блог кој го читам … некои ги читам редовно … некои повремено … некои инцидентн…

  4. Iko

    Ништо за спорт а? Ај кога ќе дополнувате може ќе ви текне 😉

  5. Gjole

    Дарко ај таму ако може и photo-soulz нека влезе во листата! 🙂

  6. ОгиСинко

    По некоја недела ке ја препишеш целата листа, ако ненаш критериум.

Коментарите се затворени.