Media & Marketing Blog

Брендови, видео му е мајката…

Не е некоја голема тајна дека луѓево во последно време многу повеќе гледаат видео онлајн. Причините се јасни, поголеми интернет брзини, попаметни телефони и секако подобра содржина. Врзано си е тоа едно со друго.

Неодамна и Недим наведе дека Гугл сакал многу (авторски) видео содржини. Како уште една потврда за тоа дека видеата на брендовите се апсолутна неопходност еве едно видео кое прикажува убава статистика за муабетов.

Зад видеово стои компанија која професионално креира видео содржина, тоа значи дека може да се земат бројкиве или целиот пристап малку со резерва, не дека не се точни туку треба да се разгледаат и некои други аспекти на истите.

Локално изгледа нема брендови кои креираат видеа само за на интернет, ако сум испуштил нешто слободно пиши, пингај коментирај… Фала.