Media & Marketing Blog

Вечер фатен во кражба, пак…

Продолжува лошата локална пракса, на трудот и на објавените содржини на локалните блогери да не им се оддава признание и заслуга за цитирање и преземање. Во центарот на контроверзите повторно е „Вечер“ за жал, а еве го и последниот случај:

На 11 март, 11:29ч., на блогот, „Аргументиран Блог“ објавен е постот под наслов „Политичка неинвентивност“ околу билбордот на кандидатот за градоначалник на Карпош, Стевче Јакимовски (треба да се става г-н пред кандидативе?). Истражувачкиот труд на блогерот си е фино изнапишан, баш во духот на името на блогот:

Но, понекогаш или не работи креативноста, или кандидатот воопшто нема поддржувачи, или едноставно неговиот тим за кампања го мрзи да најде и нареди автентични фацки во позадина на кандидатот. Еве еден класичен пример.

Како и да е, „Вечер“ правејќи типично хипер хипо-кризично салто мортале, го „презема“ текстот и сите информации, без да наведе извори и го објавува во своето издание од 13 март 2009, и уште го обвинува кандидатот на опозицијата за истото она што самите го праваткражба:

Срамно е за една маркетинг агенција, која себеси се прогласува за една од водечките во земјата, да краде за избори плакати од некоја реклама во Данска. Срамно е и за Стевчо кој очигледно гледал само што поевтино да помине за изборите, па човекот сега се смешка од чист плагијат пано.

Додека за неинвентивноста на маркетинг агенцијата навистина може да се полемизира, барем групна фотографија и врз неа малку шминка не е проблем во денешни услови, за кражба сепак не станува збор. Самата агенција (ИДЕА ПЛУС) го прави она што и често се прави во маркетинг светот, си купува т.н. „stock“ фотка, која си ја плаќаш за да ја користиш, по сопствена употребна заинтересираност, но која пак е „royalty free“  фото-содржина за која немаш ексклузивни права. Еве го и изворот (Crestock.com), па ако ептен ви се бендиса може и вие да си ја кандисате за „шаку долара“.

Она што овде е вистински проблем е леснотијата и паушалноста со која новинарите („новинарите“) и уредниците („уредниците“) се расфрлаат со политички мотивирани пораки, и неаргументитани обвинувања (среде избори) и тоа на начин навредлив за интелигенцијата на јавноста (народот). Срамно е тоа, а и смешно, што авторите на блоговите кај нас имаат поголема одговорност и степен на аргументираност од оние кои треба да се професионалци во јавниот комуникациски систем и кои живеат од тоа.

6 коментари на “Вечер фатен во кражба, пак…”

  1. Дедо Боже

    Зошто срамно? Колку што знам Вечер, заедно со нивниот уредник, се декларирани (сега за сега) гласноговорници на ВМРО-ДПМНЕ 🙂

    Меѓутоа пристрасноста, неаргументираноста и „вреѓањето“ на интелигенцијата на народот, барем за мене, се пострашни во неполитичките текстови: http://majtap.wordpress.com/2009/02/10/forum-smrd

  2. sead93

    Фала ти за линкот, сосема добар пример за твојата поента, поздрав.

  3. Јофе

    Пишав уште прееска на еден форум за ова… го пишав коментарот и кај оригиналниот пост, еве и тука да напишам…

    Црн бумбар за Вечер.

    Весникот во своето денешно издание ја ставил приказнава на насловна, очигледно преземена од блогов, без воопшто да спомнат од каде им е приказнава и кој истражувал и стигнал до сајтов кој продава фотографии.

    Во случајов Вечер се послужиле со кражба на вест од блог и лажно информирање дека кампањата е плагијат а уствари луѓево си платиле…

    Тоа што е смешно, дури и трагично во кампањата на Стевче, не значи дека Вечер смее да го прави тоа што го прави…

    Вечер во случајов има 2 да ги наречам кривични дела – кражба на вест од блог и лажно информирање.

    Стевче нема ништо… се си е легално… Срамота е, да, ама легална срамота 🙂

  4. Јофе

    И да, можеби и свесно е напишано – Стевче фатен во кражба, засега на авторски права…

    Со оглед на ориентираноста на весникот ништо не ме чуди…

  5. sead93

    Јофе, фала ти за, as always :), содржајните коментари. Се надевам, со сево ова ќе повлијаеме да се цени повеќе трудот на оние кои го вложиле, без разлика од која страна и да се. А за свесноста, уште не ми е јасно дали се свесни дека грешат или пак не сфаќаат „шо се дешава“ 🙂

Коментарите се затворени.