Media & Marketing Blog

Дали би се откажале од Facebook кога би имало алтернатива?

Мака мачат конкурентите да ја пронајдат рецептата за успешен сервис за социјално вмрежување. Едно е сервисот да е добар, друго е да е подобен да опстане, односно да заработува пари. Едно е да има модел на одржливост, да има технологија ама да не го бива од кориснички аспект. Прашина против Facebook се крева на секој ќош, особено кога се дискутира за политиката на приватност и деталите на таа тема. Но никако да се најде јунак да го смени.

Google Social Circles

Директен повод за постов се последните најави (вчера имаше интересен развој на темава) за појавување на Google Social Circles. Јасно како ден е дека Google подолго време очајно се обидува да направи нешто што ќе биде достоен одговор на доминацијата на Facebook. Но никако да му тргне од рака. Ништо не бидна со Buzz, нити со Wave и со ред други поситни обиди да се влезе на голема врата во светот на социјалните мрежи. Пред извесно време се појави одлична презентација (а наскоро и книга) од Paul Adams (The Real Life Social Network v2) тогаш вработен во Google. Ова беше насока во која беше јасно дека ќе се движи Google во својот нов обид. Paul Adams во меѓувреме замина да работи за Facebook, а вчера на Google (на SXSW) изгледа без план им протече информација за нивниот нов проект.

Приказната за Google Social Circles ја објави RWW за потоа брзо да биде демантирана во AllThingsD. Екстра интересни се овие два написа во кои меѓу другото се спомнува и за истрчувањето на Tim O’Rielly кој во твит се пофалил дека го видел Google Social Circles и дека е одличен. За брзо потоа да го избрише твитот и да го пише следново:

“It’s not a product, per se, and it’s not a new social network. Just some research-y thinking about how you could better manage social data. Exactly what Chris said. I got fooled by the RWW story into thinking that they’d turned it into something they were going to announce. There’s no story here. Just some labs stuff.”

google social circlesТокму во овој мал исказ се надзира она за што зборуваа веќе некое време челниците од Googlе кога тие мораа да се бранат од слични набедувања дека се спрема GoogleMe, Google+1 . Тие велат, нема да има нова социјална мрежа туку нов слој (layer) на интеракција. За да не ги прераскажувам деталите од нагаѓањата на RWW и останатите, само топло ќе препорачам читање на следниве два написа:

Google to Launch Major New Social Network Called Circles, Possibly Today (Updated) [RWW]
False Alarm: Google Circles Not Coming Now–and Probably Not Ever [AllThingsD]

И сега, во период кога Twitter мака мачи да изгради бизнис модел, кога нема ни трага ни глас од Diaspora и кога од Google има најави само хипотетички преостанува да се постави прашањето:

Дали би се откажале од Facebook кога би имало алтернатива?

11 коментари на “Дали би се откажале од Facebook кога би имало алтернатива?”

  1. Јана

    но да појаснам… би се откажала од ФБ како примарна социјална прежа доколку има друга која ќе ми понуди подобра платфрома за дружење. Би задржала ФБ само за да можам да одржам контакт со луѓе кои не би се откажале од ФБ и покрај постоењето на подобра социјална мрежа.

  2. Урош

    Н бих јер и нисам на ФБ.

    • Roxy

      This is a nice blog. Good clean UI and nice inrfvmatioe blog. I will be coming back soon, Thanks for posting some great ideas and I'll try to return back with a completely different browser to check things out!

  3. Бубе

    Веќе втор или трет месец како Некорисник на ФБ и без алтернатива. Повеќе сакам да се гледаме очи во очи наместо нa слики, и да се слушаме на тел. место да куцаме на chat. 🙂

  4. Ацко

    Facebook веќе е многу повеќе од социјална мрежа за дружење. Мислам дека тој прерасна во главна интернет платформа, секако и бизнис платформа. Следува е-комерц, развивање на локални бизниси и да не набројувам, но според мене, фејсбук е иднината

    • Darko Buldioski

      Имаш право Ацко, коку и да не ми се допаѓа тоа (затоа што лично не го обожавам FB) сепак мора да се призне дека изградија независен и пред се затворен систем во кој услужуваат огромен број на корисници.

    • Tawny

      I think you are way off base on widgets. If it's a code snippet they code can easily be removed. Why should websites give something away and get nothing in return? does this not help you rank websites and decide what a page is about? Google still sucks at this btw, and it gets worse with each &#e9p;3nalty' update.

  5. Емка

    Да, би се откажала од Facebook кога би имало алтернатива. Да бидам попрецизна, немам баш од што да се откажам, имам потреба од нешто поинакво. Добра алтернатива, за мене, би бил некој малку поинтелектуален, децентрализиран и посигурен (од аспект на приватност) систем. Според некои социолошки истражувања поврзани со иновации и технологија, веројатно таков ќе биде и новиот тренд после Facebook – "…construction of the social network on a peer-to-peer (P2P) architecture." (Можеби Google веќе работи на тоа 🙂
    http://www.obs.obercom.pt/index.php/obs/article/v

  6. Darko Buldioski

    Емка, фала за линкот, изгледа интересно. Ми изглда дека брзо ќе стаса на ред за читање, а потоа ќе се вратам со нов коментар 🙂

Коментарите се затворени.