Топ 10 вести на неделата

10. Коњ гризна девојка: Од кога се вакви бизарни случки топ вести, плус на насловна страница плус известувано во наредните денови во серија, фали уште ексклузивно интервју со коњот, и неговата страна на приказната (сигурно ќе ја обвинеше владата за неговата состојба). Инаку здруженијата за заштита на правата на животните требаше да реагираат бидејќи сликата на насловната страница не е на осомничениот туку на некој друг невин припадник на овој благороден животински вид. Но, за невиноста нешто подолу…

9. Лидерот на АНА бил како невина девојка?! од Шоуто наречено Вечер: Од интервјуто со оригинален наслов „Мајка ми ме роди, Албанија ме прероди“ клучна информација било играта со зборот „невин“? И што е уште поинтерсно Вечер за прв пат во историјата на новинарствово екслузивно објавува емаилови на своите „соработници“:

Имено по електронски пат од извесен (ivica_stankovic@hotmail.com) испратено до нашата Редакција пристигна меил во кој стоеше документ издаден на 22 мај 2003 година од Американската амбасада во Белград со ознаки на ЦИА. На документот има фотографија од средовечен човек, неколку реда текст и генералии на лидерот на АНА во Македонија, Гафур Адили. Според документот, чија автентичност на содржината деновиве треба да ни ја потврди амбасадата на САД во Белград, озлогласениот кичевец кој е ставен на црната листа на Европската унија е оперативец на нивната тајна служба.

8. Повисоките луѓе се помалку љубоморни?; Нај-безвезна псевдо-психологија/статистика без поента на неделата.

7. Дрва пред влада: Е па не биле само Вечер махери за игри со зборови. Редакцијата на Вест, со уште една „фабулозна“ јазична пошалица. Ма красно!

6. Водата во Беровско езеро е со лош квалитет но може да се пие; Штоо?!? И сега што да правиме, да пиеме, или не од езерото? Дефинитивно најконфузен псевдо-експертски рапорт на неделата :)

5. Половина милион луѓе вчера беа заедно: Извонредна комбинација на про-комуњарски дух и весела метематика. Јас ќе кажам дека два милиона луѓе дента беа заедно (или со некого), но тоа пак нема (блага) врска со дрвата од вест број 7 :).

4. ВЕЧЕР е лидер! Најчитан македонски медиум на интернет; Пошалица на неделата, darko 156 напиша нешто, say no more :) За волја на вистината Вечер се лидери, но останува да се дијагностицира во што?

3. Фуере: Не сум магионичар да го вратам Тачи; Момент прв: оние помеѓу нас кои мислеа дека Фуере е леприкан сега останаа разочарани, момент втор: ЕУ признава дека за Македонија единствен лек се волшебници од типот на Коперфилд, Дејвид Блејн и другите од здружението на независни трик мајстори.

2. Украле кола, се сексале и ја оставиле; Пример пар-екселанс (ај да не шкрабам на француски :) за истражувачко новинарство:

Арамии украле автомобил, се сексале во него па го баталиле на забутан паркинг простор. Полицијата вчера го пронајде украденото возило во кое крадците се сексале, по што го оставиле отворено и заминале. Автомобилот бил лоциран откако добиле повик од жител од населбата Аеродром дека подолго време стои кола која никој не ја вози. Колата марка тико била оставена под дрво на паркинг кај зградата број 4 на булеварот АВНОЈ, позади ресторанот Три Бисери. Кога пристигнала полицијата во возилото имало само расфрлани пакетчиња од искористените кондоми.

(1) Каква бравурозна репортажа, со бројки, податоци, цитирани извор и се редум, (2) Фуере не е маѓионичар, но затоа овие анонимци веројатно се, секс во Тико, па тоа речиси е рамно на секс во Фиќо, (3) „Автомобилот ми го украдоа пред зграда на паркингот кај Мекдоналдс во Аеродром, пред неполни три недели. Го паркирав во седум часот навечер, а по само неполн час кога излегов автомобилот веќе го немаше. Немаше ниту остатоци од искршено стакло. Кражбата веднаш ја пријавив во полиција. Денес ми се јавија дека колата е пронајдена на само 500 метри (?!?) од местото каде што последен пат ја паркирав” – вели сопственикот на пронајденото возило, кој најави дека веднаш ќе го носи на хемиско чистење поради сексуалните активности на крадците во колата 4. Протестирам, ние читателите останавме неинформирани дали се работи за хомо или хетеро сексуален ак(а)т, оти во истражувачката сторија не е наведена ниту една именка која се однесува на осомничените а да е во женски род (арамии, крадци, ?).

1. Боцевски:Владата работи нормално: Боцевски во извонредна интерпретација на бившиот ирачки (садамов) министер Мохамед Ал Сахаф (Mohammed Saeed Al Sahaf :)

Бонус: Спин (фелш) на неделата: Тачи: „Оваа одлука (напуштање на владата) не е насочена против никого, ни против ВМРО-ДПМНЕ, ни против ДУИ, ни против СДСМ, ни против Македонците, туку напротив е про државата Македонија, про суверенитетот и интегритетот на Македонија и про патот кон евроатлантските интеграции“…да, про Македонија во НАТО 2014.


This entry was posted in local, Media. Bookmark the permalink.

11 коментари на "Топ 10 вести на неделата"

Коментирај!