Информации : Знаење 3:0

Живееме во време на информации.

Што тоа практично значи?

Тоа, низ оваа интерпретација, значи дека на „150“ места може да прочитате, т.е. да се информирате, дека во вчерашната хаварија во Грдец, Албанија, имало 6 загинати и над 150 ранети, дека зоните на Тирана не биле загрозени, дека немало радиоактивни материи и слично, но нема да бидете информирани како точно се случило тоа, каква е улогата на странската професионална компанија во хаваријата, зошто депото било толку блиску до населено место и слично. Сето ова, не е случајно, и јасно е дека сите информации што се циркулираат околу еден настан се контролирани и наменски, па информирањето може да се дефинира не како слободно пренесување информации, туку како „контролиран наменски проток на податоци кон одредена целна група или други интересенти“.

Она што е исто така важно е дека преку системот за информирање никогаш нема да дојдете, не знам колку да акумулирате информации, до фазата на знаење која би подразбирала, што треба да направиш во ситуација да се најдеш на место погодено од хаварија, како да се заштитиш, како да укажеш помош, како да се заштитиш од радијација, или како да си сигурен дека не си изложен на зрачење и слично. Оваа второво е многу битно затоа што во суштина одредува дали ќе преживееш или не.
Со други зборови, денес сме преинформирани, но малку знаеме. Знаеме, се подобро да менаџираме информации, но не и да ги „оплодуваме“ така за да прераснуваат во знаење за нештата. Ова е еден од поистакнатите современи парадокси (повеќе информации, помалку знаење). Тоа е како да одиш во теретана и да пиеш протеини секој ден, а помалку си здрав.

пс: Ако е за утеха, снимките од местото на настанот, најбргу беа направени од очевидец, па со тоа 1:0 за граѓанското новинарство :)


This entry was posted in information society. Bookmark the permalink.

7 коментари на "Информации : Знаење 3:0"

Коментирај!