Media & Marketing Blog

Комуникации.нет со подкаст на Радио МОФ

Како што најавивме кога Радио МОФ почна со работа комуникации.нет блог мрежата ќе има своја емисија или подкаст на ова онлајн радио. Првата епизода ќе можете да ја слушнете на 16 март (среда) со почеток во 21:00 часот. Сите епизоди премиерно ќе одат на Радио МОФ, а потоа на комуникации.нет блогот ќе можете да најдете пост од каде ќе можете да ја преземете епизодата и да најдете куп линкови до сервиси и информации за кои сме зборувале во подкастот.

Komunikaci podcast

Идејата комуникации.нет да започне со креирање на подкаст е стара повеќе од две години. Често со Дарко сме разговарале на оваа тема и сме се мотивирале дека наскоро ќе почнеме да ја снимаме првата епизода но некако подкастот ни излегуваше од приоритетни работи. Подкаст китот кој го имаме веќе подолго време престана да собира прашина благодарение на Радио МОФ.

Podcast kitВо подкастот ќе се разгледуваат новите технолошки и комуникациски процеси и како тие влијаат на општеството. Ќе пробаме да ги објасниме најнови комуниколошки теории и нивната примена во секојдневниот живот. Долго размислувавме која тема да ја обработиме во првата епизода. Имавме неколку работи во глава но на крај одлучивме да зборуваме за тоа: Што е подкаст? Како се прави? Како и каде се слуша? Зошто во Македонија нема развиена подкаст култура? итн.

Во првата епизода има лапсуси, киксови, технички недостатоци но решивме дека нема да ја преснимуваме за да целосно бидеме задоволни. Со тек на време и секоја наредна епизода ќе се подобруваме и ќе отстрануваме по некој недостаток.

12 коментари на “Комуникации.нет со подкаст на Радио МОФ”

  1. Anonymous

    Конечно! Во кола слушам само англиски подкасти. Нема ништо интересно на македонски јазик. Да ве слушнеме!

  2. Mite Kuzevski

    Се надеваме дека ќе бидеме интересни :)).

  3. Mite Kuzevski

    Калина подкастот ќе биде пријавен на iTunes.

  4. Лидија

    на која фрекфенција е радиово, никаде не пишува?

  5. Baju Bayi

    Wow, awesome blog layout! How long have you been blogging for? you made blogging look easy. The overall look of your website is fantastic, as well as the content!. Thanks For Your article about Комуникации.нет со подкаст на Радио МОФ | К О М У Н И К А Ц И И .

Коментарите се затворени.