Агрегаторите влегуваат во мода. Како идеја ние (ЦНМ) ги имавме одамна, ама никако не успеавме нешто конкретно да направиме, пред се заради техничките предизвици.
Сега, веќе се најдоа храбри и паметн момци и имаме неколку функционални и најмалку еден во најава.
Mkd-rss го видов пред една недела и реков ќе пишам пост, ама како тоа често бива, не стастав. И ко нарачано (ова веќе ми станува практика) IT.com.mk имаат текст за него, па ќе го искористам него како подлога за да си го пишам мојот коментарот.
Mkd-rss.com претставува нов сервис – агрегатор на вести и огласи од разни извори, поточно RSS канали, и сервис каде што тие вести можат да се коментираат.
Mkd-rss стартуваше пред 2 недели и забележува раст од 200 уникатни посети дневно, а очекуваме раст до 3-4.000 дневно за неколку месеци“ вели Антонио Магдиќ од eBurza.hr, компанија која ја поседува мрежата на -rss.com сервисите на Балканот и надвор од него.
Мене сервисов ми нема фокус. Не знам дали е тоа намерно или не, но некако ми доаѓа премногу работи одеднаш, и на крај ништо. Ако примарната работа му е да агрегира вести, тогаш нека се посвети на тоа малку повеќе. Да ги немаш вестите во целост а притоа при клик за цела вест да се отвара нов прозор со скрпта која не те пушта да излезеш од самиот сајт, малку ме е неупотребливо.
Ако е агрегатор, по некоја дефиниција би требало барем во некој чекор да те прати кај изворот онака како што треба.
Има тука еден куп испреплетени концети, што в секој случај е позитивно, но нашиов пазар и Интернет корисниците не се на толку напредно ниво (без навреди и погрешни сфаќања, молам) па во ист момент да се понуди, коментари, креирање блог, креирање вести, белешки, лична комбинација на канали, некако мислам дека е премногу. Би требало ова да оди дел по дел, да се изгради базична заедница околу сервисот која понатаму ќе ги носи новините, барем јас така мислам.
И уште нешто. Знам дека нема многу (корисни) rss канали на МК, ама да зимаш rss канали од друг агрегатор, кој патем според IT.com.mk му е конкуренција, малку не ми штима, едноставно моделот на градење на сервис не ми изгледа одржлив.
Се надевам дека грешам, и дека корисниците на Mkd-rss ќе ме демантираат, барем за дел од работиве кои ги знесувам тука :).
