Media & Marketing Blog

Дневник и рекламите

Како и најголем број од утрата и денес кога дојдов на работа земав да ги разлистам весниците. Стандардна процедура, ништо невообичаено или ново, но еден мал детал ми остана во очи.

Листајќи го Дневникот некако многу шарен ми се виде. Неколку пати налетав на две соседни страни каде немаше ништо да се прочита, не за друго, имаше на двете страни реклами. И нормално, земав едно ливче и почнав да ставам рецки.

Еве ги грубите статистки кои на брзина успеав да ги стокмам.

Дневник (петок 16 март 2007) има вкупно 40 страни, вклучувајќи наловна и задна страна. Од нив цели (буквално цели) 20 страни се полни со реклами. Реклами има и на другите страни, но тие беа дел од страната и беа половинки, третинки, четвртинки и помали и ме мрзеше да ги бројам.

Извадете од оваа проста математика плус 3 страни за помени, плус 2 за ТВ, хороскоп и крстозбор, една насловна со 5 текста од кои дури 4 одат опширно на внатрешните страни, а само една продолжува.

Сфатете го ова само како мал утрински совет да не планирате многу време за читање на денешните весници, бидејќи внатре нема многу текст. 🙂

Напомена: Пребројувањето во овој број на Дневник, не значи дека останатите весници се поарни или полоши и не значи дека секој ден Дневник изгледа вака.

Technorati Tags: , , , , , , , .

2 коментари на “Дневник и рекламите”

  1. sead93

    Добра опсервација Дарко, а трендот е загрижувачки. Отсекогаш ме нервираше кога ќе опрчев пари за некое странско мазно списание за спорт, компјутери или филм и ќе добиев 30 страни со „кул“ реклами и одвај 15-тина за самата содржина заради која го купувам списанието. Некако тоа отсекогаш ми беше блак и премногу. сега ако и дневниве весници продолжат да го следат тоа, на штета на текстовите, тогаш самите си потпишуваат пропаст.

  2. iacovibus

    спам, спам, спам…

    секојдневно сме спамирани

Коментарите се затворени.